Ученици од Ваташа, кавадаречко, вчера се едуцираа и дружеа со полициски службеници на „Отворен ден со полицијата“
Учениците од Основното општинско училиште „Димка Ангелов Габерот“ од село Ваташа, вчера, имаа можност да се дружат заедно со полициски службеници од Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес и со полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци во нивните простории.
-Во рамки на „Светската недела на детето“ беше реализиран – „Отворен ден со полицијата“ каде што на учениците им беа презентирани основните информации поврзани со улогата и задачите на униформираните полициски службеници, а дополнително децата имаа можност и да се запознаат со основните материјално-технички средства што полицијата ги користи во секојдневното извршување на работните задачи, соопштија од Министерство за внатрешни работи.
Во текот на вчерашниот ден освен СВР Велес, беа реализирани бројни превентивни и едукативни активности и во СВР Битола.
Дума.мк