(Видео и Фото) Хуманоста на дело во ООУ„Блаже Конески“

Се поделија над педесеттина пакети и стотина торби во кои беа спакувани разни видови на прехрамбени производи како и средства за хигиен на велешки семејства кои живеат во ризик. Акцијата за собирање на хуманитарната помош потекна од учениците на основното училиште „Блаже Конески“. Ја прифатија наставниците, Наставнички совет, директорот и заедно ги мотивираа родителите да учествуваат во неа. Во текот на вчерашниот ден родители и ученици донираа над илјада различни видови на прехрамбени производи и хигиенски средства. Ученици волонтерски, со помош на наставниците, ги поделија и ги спакуваа.


ООУ„Блаже Конески“ за хуманитарната помош го извести Центарот за социјални работи Велес којшто ја поддржа акцијата и извести поголем број на семејствата во ризик кои се во евиденција на оваа институција.

Денеска учениците волонтери заедно со наставнички ја делеа хуманитарната помош во училишниот двор. „Ова е само еден начин, како училиште, како ученици, како наставници заедно со родителите да ја негуваме хуманоста и да помогнеме на сограѓани на кои им е потребна помош,“ рече наставничката Славица Петрова.
Хуманитарната акција на ООУ„Блаже Конески“ е организирана по повод 17 Октомври којшто во светот се одбележува како Ден на сиромаштија.
Убавка Јаневска
