Мото клуб „Носачи на крстот“ и велешки Црвен крст традиционално организираат крводарителска акција за 9-ти ноември

Објавено на 27 октомври, 2023 во 14:23

По повод 9-ти ноември, ден на Општина Велес, Општинската организација Црвен крст Велес во соработка со Мото клуб „Носачи на крстот“ традиционално организираат крводарителска акција.

Крводарителската акција ќе се одржи на 5-ти ноември, во недела, во просториите на велешкиот театар „Ј.Х.К Џинот“, со почеток во 09:00 часот и ќе трае седум часа, поточно планирано е да заврши во 16:00 часот.

Од велешки Црвен крст велат дека со дарувањето крв се дава придонес за јавното здравје со цел да се спасат повеќе човечки животи.

„Крводарителството е врвен чин на хуманост, биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот!“, гласи пораката на Општинската организација Црвен крст Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License