Фудбалските ветерани Ранготов и Велковски: Нема место за незадоволство, немавме сили и среќа

Објавено на 17 јуни, 2021 во 18:03
Групно гледање и навивање на натпреварот Македонија – Украина

Во второто коло од групната фаза на европското фудбалско првенство Македонија претрпе пораз од Украина со резултат 2:1. Украина беше подобра во првиот дел кога поведе со 2:0 но во продожението Македонија одигра многу подобро но не успеа да израмни. Како го видоа натпреварот Љубе Велковски и Петар Ранготов поранешни фудбалери и тренери.

Ветеранот Љубе Велковски

-Во првото полувреме се гледаше дека тремата не не одминала. Тоа го искористи Украина и направи прeдност. Со измените на полувреме и влегувањето во игра на Чурлинов и Трајковски нападот беше поубоит. Да бидеме начисто самото учество на првентвото е страшен успех, нема место за незадоволство, рече Велковски.

Ранготов е со слично размислување:

Ветеранот Петар Ранготов

-Во првиот дел противникот беше подобар. Со офанзивните промени во второто полувреме одигравме похрабро. Малку фалеше за бод но немавме сили и среќа .

Велешки фанови групно го следат натпреварот
Велешки фанови групно го следат натпреварот

 Како и на првиот натпревар во угостителските објекти во Велес вистинска фудбалска еуфорија владееше од почетокот до крајот на натпреварот Македонија – Украина.

Лазар Лазаровски.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.