59 Евросонг: Во Копенхаген Тијана настапува осма во втората полуфинална вечер

Објавено: 21 јануари, 2014, во 08:57 часот

Во Копенхаген,од 6 до 10 мај годинава, ќе се одржи Изборот на песна на Евровизија.Македонската преставничка Тијана Дапчевиќ ќе настапи во втората полуфинална вечер како осма.

Во претходната или прва полуфинална вечер ќе настапат претставниците на Шведска, Албанија, Исланд, Русија, Латвија, Азербејџан, Ерменија, Естонија, Белгија, Унгарија, Молдавија, Црна Гора, Сан Марино, Португалија, Украина и Холандија.

Во вторто полуфинале ќе се натпреваруваат преставниците на Норвешка, Израел, Грузија, Австрија, Литванија, а ќе продолжи со Полска, Малта, Македонија, Финска, Ирска, Романија, Словенија, Белорусија, Грција и Швајцарија.

На 59. издание на ЕВРОСОНГ настапуваат вкупно 37 земји учеснички а ждребувањето се одржа вчера во Копенхаген.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.