Бронхитис – Со пареа до оздравување (Аудио)

Објавено на 10 февруари, 2022 во 15:01

Влагата помага при лекување на акутниот и хроничниот бронхитис бидејќи влагата во воздухот може да ја разреди  слузата во белите дробови и да го олесни нејзиното искашлување.

За да бидат делотворни апаратите за влажнење треба правилно да се употребат.

Топлата пареа што ја  шират распрскувачите добро функционира кога се употребува во релативно мал простор, како бањата е во соба со просечна големина. Повеќето распрскувачи не се доволно моќни да создадат пареa со таа густина што е потребна да бидe полезнa.

Се разбира, редовно чистете го вапоризаторот во текот на вашата инфекција, за да спречите ширење на бактериите.

Всушност некои апарти можат да бидат и опасни за вашето здравје.

Ладните навлажувачи што често се употребуваат во домовите со сув воздух, мора секој ден да се деинфецираат, иаку можат да шират бактерии и да го подобрат развојот на мувла, зголемувајќи ја веројатноста за појава на белодробни инфекции.

Божана Ќулавкова  

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.