Почина 37 годишна продавачка во Велес откако и се слошило додека била на работа во продавница
Објавено: 24 мај, 2025, во 12:34 часот
На триесет и седум годишната М.Л. која била вработена како продавачка и се слошило на работното место во продавница во Велес, вчера, петок, 23 мај, по што паднала во безсознание и била пренесена во Општа болница во Велес. Велешанката починала во 13:30 часот.
„Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


