Д-р Ѓоргиевски: 29 Септември е Светски ден на срцето, како е поврзан стресот со срцевите заболувања
Меѓународниот ден на срцето 29 Септември под покровителство на Светска здравствена организација се одбележува насекаде во светот а редовно и во град Велес.
Оваа година поради пандемијата одбележувањата не се масовни, тие се насочени во електронски онлајн формат.
Оваа година е посветен токму на фактот на поврзаноста на Стресот со срцевите заболувања.
Како делува психичкиот стрес врз нашето срце ?
При изразени психички состојби, психички дразби од околината, настанува лачење на одредени хормони во нашето тело. При изразени состојби на страв вознемиреност се лачи адреналин хормон кој ја забрзува работата на срцето но и го покачува крвниот притисок .
Затоа и коронарната артериска болест е најчеста кај пациентите со панични напади и фобии. Научните студии кои се занимаваа со ова покажаа поврзаност со анксиозноста и наглата срцева смрт (студиите на Gorman во 2000 год, како и на Haines во 1987 год иI 2001 год.) Овие испитувања кои ги правеа нашите колеги забележаа дека кај пациентите со анксиозни пореметувања имаат почесто артериска хипертензија, и почесто страдаат од срцеви аритмии.
Но кој стрес од сите е најпогубен за срцето ?
Дeпресија
Често во амбулантите доаѓаат пациенти кои се жалат на стегање и болки во градите но во основа кога ќе започнеме со испитувањата се воспоставува слика дека тоа е психичка состојба кај пациентот.
Се е поголем и поголем бројот на луѓе кои во основа се тажни, дали поради деца кои живеат во друга земја, дали поради загуба на близок брачен партнер или пак разочарани од опшествената состојба.
Но ова не е депресија туку само депресивна реакција која може и е опасна за срцето како и самата депресија. Опасноста од депресивните реакции кај луѓето како и од самата депресија е од два аспекти.
Првиот од самиот одговор на организмот на хормоните во депресијата , тогаш срцето ја успорува својата фреквенција,односно бројот на удари се намалува, потоа се покачува тонусот на крвните садови и тие стануваат по ригидни.
Но опасен е и вториот аспект, односно Секундарните ефекти на депресивноста, а тоа е неактивноста ,лошата исхрана и секако игнорирање на симптомите.
Кога луѓето се навистина тажни и потиштени тие несакаат да изледуваат и да се движат, несакаат никаква физичка активност со тоа не согоруваат никакви калории ниту вдишуваат чист воздух.
Депресијата ги затвора во затворен круг, во домот во одредена просторија и обично се хранат многу лошо , често ќе кажат дека не јаде ништо или пак сакајќи да ја стопат тагата јадат премногу во големи количини обично нездрава храна. Со тоа се покачуваат холестеролот и триглицеридите и настанува влошување на постоечките атеросклеротски плаки или наслаги во артериите.
Но најстрашно е што тие луѓе ги игнорираат сите симптоми и не одат на лекар.
Поради преголемата тага која ја чувствуваат , поради самата депресивна состојба во која се наоѓаат штом дојдат често ќе кажат „Докторе не ми се живее“ . И навистина не сакаат да ги следат сигналите на телото, ја игнорираат болката во градите при инфарктите и често починуваат дома затворени во тој круг.
СОВЕТ:
Неопходно и задолжително e на нас останатите да им сме потпора, да ги бодриме и советуваме да се обратат на лекар којшто би ја третирал или депресивната реакција или депресијата како болест.
Неопходно е самата околина постепено, не со инсистирање, да го охрабрува пациентот да излезе од домот да прави редовни прошетки и најважно што често ние како луѓе го забораваме да седнеме и да разговараме со нив .
Социјалните мрежи не се вистинскиот начин на комуникација , напротив вистинската комуникација е со разговор. Сигурен сум дека имате некој во семејството кој во моментот пати, не само од депресија како болест, туку и од некоја депресивна реакција. Затоа разговарајте и постете ги , посвете им време, затоашто така ќе им го продолжите животот.
Нека 29 Септември им е посветен на сите скршени тажни срца и сите заедно да ги направиме повесели.
Д-р Атанас Ѓоргиевски, специјалист кардиолог
моб.тел.број 070/324 903