Грејпфрутот го намалува шекерот во крвта и холестеролот (АУДИО)

Објавено на 4 ноември, 2021 во 16:16
Close up of fresh grapefruits

Грејпфрутот со средна големина содржи околу 35мг витамин Ц, што е рециси 100% од препорачаното дневно количество за возрасни и 150 мг калиум.

Грејпфрутот  е полн со пектин, растворливо влакно кое го намалува шеќерот во крвта и холестеролот и го запира напредувањето на артериосклерозата.

Пектинот приднесува и за долготрајно чувство и ситост и спречува прејадувања при следниот оброк. Најновата студија открила дека со јадење половина грејпфрут пред секој оброк, три пати дневно, се губат просечно 1,6 кгр за 12 недели.

Лековити својства

И жолтиот и црвениот грејпфрут го намалуваат нивото на лошиот холестерол, а црвените сорти го намалуваат и нивото на триглицериди.

Црвените сорти изобилуваат со бета-каратенот ликопен, кој телото го претвара во витамин А. Полни се и со ликопен, антиоксидант со антитуморни својства. Истражувањата покажуваат дека со редовно внесување  намирници богати со ликопен и со конзумирање  зелен чај значително се намалува ризикот од рак на простата.

Пулпата на грејпфрутот содржи и глукарати, кои се корисни за превенција  на рак на дојка.

Во жолтиот грејпфрут има нариненгин, фитосоединение кое може да ги заштити белите дробови од токсини, како загаден воздух и чад од цигари.

Практични совети

  • Грејпфрутот повеќе е сочен на собна температура, не го чувајате во фрижидер.
  • Со сок од грејпфрутот  заменте го лимонот или оцедот во преливите на салата.
  • Не мешајте грејпфрут и лекови. Доколку ги земате препишаните лекови ,внимавајте колку грејпфрут внесувате  или посоветувајте се со својот лекар или фармацевт.

Божана Ќулавкова

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.