Хемороиди – Причинители (Аудио)
Познато е дека речи си половина од луѓето , порано или подоцна во текот на живот имаат тегоби со хемороиди, најчесто на возраст меѓу 20 и 50 години.
Се верува дека многу силниот стомачен притисок предизвикува отечување на вените кои тогаш стануваат пречувствителни. За тоа може да биде причина дебелината , бременоста, долгорајното стоење или седење , болестите на црниот дроб, притисокот од запек или пролив, кашлицата, кивавицата, повраќањето, или задржувањето на здивот во текот на некој телесен напор.
Исхраната исто така е главниот фактор.
Луѓето кои редовно јадат храна богата со растителни влакна многу ретко заболуваат од хемороиди, спротивно од оние чија исхрана содржи високо преработени продукти.
Исхраната сиромашна со растителни влакна или недоволно пиење течности предизвикуваат запек кој ја забрзува појавата на хемороиди и тоа на два начини, го зголемува притисокот при празнењето на цревата и ја влошува состојбата на хемороидите со создавање тврд измет што уште повеќе ќе ги надрзани отечените вени.
Божана Ќулавкова