Калинката поседува неверојатно количество на антиоксиданти
Калинката позитивно влијае на здравјето. Освен што е богата со витамини и минерали, таа поседува и неверојатно количество антиоксиданти. Истражувањата покажуваат дека сокот од калинка има два до три пати поголемо количество антиоксидантски потенцијал од истото количество зелен чај или црно вино.
- ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА
Во 100 грама зрнца од калинка има 12% од препорачаната дневна дозна на витамин Ц, 16% витамин К и 10% фолна киселина.
Зрнцата од калинка се одличен извор на влакна.
Внесувањето само една четвртина шоња сок од калинка дневно може да го подобри здравјето на кардиоваскуларниот систем со значително намалување на холестелорот и зачително подобрување на крвниот притисок.
Соединенијата кои се откриени во калинката можат да го намалат ризикот од артериосклероза и да го спречат или да го забават рак на простата или дојка. Така калинката може да помогне во превенција на рак и заболување на срцето. Ги зајакнува капиларите што е корисно кај хемороидите и проширените вени. Поради значителното количество на манган , калциум , фосфор и железо, калинката влијае и на здравјето на забите и коските.
Калинката го спречува предвременото стареење на кожата ги ублажува брчките и ја хидрира кожата на лицето и телото и ја враќа еластичноста . Поради овие ефекти, таа е се попопуларна во козметичката индустрија.
- КОЛКУ Е ДОВОЛНО ДА СЕ КОНЗУМИРА
Една порција е половина шоља сок . Јадете калинка секојдевно во текот на сезоната . Свежо иседен сок може да се чува во фрижидер и до три дена.
Божана Ќулавкова