Корисни совети за чиста кујна од Драгица Неделковска
Динамичниот и брз живот не им дозволува на вработените жени во Велес да имаат доволно време за оддржување на хигиената во домот. Затоа во градот постојат велешанки што професионално се бават со чистење на домови.
Една од нив е Драгица Неделковска со којашто денеска разговараме како најлесно и најбрзо може да се одрува хигиената во кујната. Сите знаеме дека тој дел од домот е најчесто користен. Неделковска го споделува со нас сопственото долгогодишно искуство како да се справиме особено со бактериите и секогаш кујната да биде уредена.
– Се зависи од каков материјал е изработена кујната, дали станува збор за дрво, висок сјај или пак медијапан. Најчесто користам средства коишто се малку поскапи но тие обезбедуваат подобар квалитет. Препорачувам особено да се обрне внимание кога се сузбиваат бактериите којшто е многу лошо доколку ги имаме во кујната а најчесто се извор на многу болести, советуваше Неделковска.
Слушнете го целосниот разговорот со госпоѓа Неделковска и доколку ви е потребна слободно заѕвонете на нејзиниот моб.тел број 076 241 081.