Има ли надеж за „Велес – град на спортисти како Петрушев?“

Објавено: 2 јануари, 2026, во 11:32 часот

Самоуверен, мотивиран и добар соговорник е Илија Петрушев исто како и подготвен спортист кој додека ги држи веслата и ја води битката со водата во својот кајак чамец јуриша кон првите места на натпреварите дома и во странство. За младиот Велешанец, во чии раце завршија и годинава пехарите и плакетата „Најдобар спортист на 2025 година во општина Велес“ се чини дека нема препрека да стигне до исполнување на олимписката норма и учеството на Летни Олимписки игри 2028 во Лос Анџелес. Засега единствениот велешки спортист којшто е стипендист на Македонски олимписки комитет во разговорот за Дума.мк , веднаш по четвртотот прогласување за Спортист на годината, вели: Петрушев е најдобар и ќе ја исполни олимписката норма!

Овој млад и талентиран кајакар на ККК „ВАРДАР ВЕЛЕС“ е голема надеж и за Македонски олимписки комитет. Претседателот Даниел Димевски одговара на прашањата на Дума.мк, меѓу кои и „како МОК може да помогне на младите спортски надежи во велешките спортски клубови во Велес за спортување“ а со тоа и на брендот „Велес спортски град“.

На годинешната манифестација „Избор на спортист на Велес за 2025“ меѓу бројни познати присутни гости, поранешни спортисти, македонски репрезентативци беше и Влатко Неделковски – декан на Факултет за физичка култура, спорт и здравје. Тој одговори на прашањата на Дума.мк „како младите да се мотивираат и да се вратат во голем број, како во минатото, во велешките спортски клубови?“  и „детектирана ли е причината за слабите резултати на македонските спортски репрезентации?“

Препораките на Димевски (МОК) и Неделковски (ДИФ) треба да ги слушнат како носителите на одлуки во Општина Велес така и бизнис заедницата доколку планираат и се обидат да подготват Стратегија за развој на спортот и за поддршка на спортските таленти. Само така градот може да се надева дека ќе го врати брендот „Велес спортски град“ , со полни трибини навивачи на фудбалските стадиони и во спортските сали. Но и да ги копира искуствата на поранешните несебични поддржувачи на спортистите и клубовите, од времето на едно поинакво општествено уредување, во кое се изградија спортските објекти и се полнеа до последно место додека на терените играчите ги добиваа натпреварите во рангови на лиги, во држава со 22 милиони граѓани! И секако со спортски новинари чии коментари, за постигнат гол на натпревари, одекнуваат до денеска : „Луѓе мои, дали ова е можно?!“

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.