Нова можност за Доживотно учење за личен и професионален развој (фото)

Објавено на 3 јуни, 2025 во 08:31

Ин Асоцијација – Скопје, Здружение за едукации и консултации, верифицирана институција за образование на возрасни, одржа свечено доделување на Сертификати на учесниците кои успешно ја завршија програмата „Развивање вештини за емоционална интелигенција“. Оваа обука е верифицирана од Центарот за образование на возрасни и нејзината важност е призната како на национално, така и на европско ниво.

Образование отворено за сите – Програмата припаѓа на секторот Образование и личен развој и е специјално осмислена да биде достапна за пошироката популација без разлика на професијата, возраста или претходното искуство. Единствените критериуми за вклучување се: најмалку 18 години возраст и завршено средно образование. Обуката носи 60 кредити, што ја прави соодветна за неформално признати квалификации.

Ин Асоцијација располага со сопствени едукативни простории и опрема, прилагодени на сите стандарди за безбедност при работа, што обезбедува квалитетни и безбедни услови за учење.

Програмата се реализира низ четири внимателно структуирани модули:

 Модул 1: Вовед во емоционалната интелигенција
 Модул 2: Самосвест и саморегулација
 Модул 3: Емпатија, разбирање на другите и мотивација
 Модул 4: Социјални вештини и управување со односи

Учесниците имаат можност да ја следат обуката: во живо, онлајн преку zoom, со снимен материјал за флексибилно учење, што е идеално за оние со динамичен распоред.

Програмата е дизајнирана да биде интерактивна, разбирлива и мотивирачка, со практични примери и техники, индивидуална поддршка и позитивна енергија. Учесниците развиваат конкретни вештини за: Подобра самосвет, Управување со сопствените емоции, Развивање емпатија и доверба, Градење здрави и ефективни односи, Саморефлексија и лична стабилност.

По завршување на програмата, учесниците сведочат за значајни промени:

Подобро управување со емоции,
Зголемена самодоверба,
Поздрави односи,
Подобрена ментална благосостојба и
Поголема лична смиреност и јасност во секојдневните предизвици – дома, на работа и во поширокиот социјален контекст.

Највредното! Нови вештини, нови перспективи и нови пријателства. Едукативниот процес е само почеток – трансформацијата што ја носи оваа програма е долгорочна.

„Среќни сме што преку мали, но значајни чекори започнуваме големи промени. Со оваа програма, полека но сигурно, ја отвораме свеста за доживотно учење и личниот развој кај нашите граѓани,“ рече проф. д-р Ѓорѓина Ќимова на свеченото доделување на Сертификати на група учесници на обуката .

Сите заинтересирани за следниот уписен циклус можат да се информираат и резервираат место преку: inasocijacija@gmail.com.

Убавка Јаневска



Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.