Препознајте симптоми на срцев удар

Објавено на 23 септември, 2021 во 23:05

Долготрајна болка што предизвикува чувство на кинење, стегање или жештина во градите , болката може да се прошири на вратот, едната или двете раце и вилицата како и задишаност ,мачнина, втроглавица, треска, потење, ослабен пулс и несвестица се симптоми на срцев удар.

ОБРАТЕТЕ СЕ НА ЛЕКАР

-Ако вие или човекот кој е со вас има симптоми  на срцев удар, веднаш побарјте  брза лекарска помош.

-Ако боледувате од ангина пекторис (болка во градите) и ако болката не престанува иако сте земале лек.

-Ако вашите напади на ангина пекторис се зачестени и подолги  и потешки.

-Ако пиете ацетилсалицилна киселина (аспирин) за спречување на срцев удар, а вашиот измет е црн или има катранест изглед. Аспиринот може премногу да ја разреди крвта што преставува нарушување кое мора да се лекува.

ЛЕКУВАЊЕ

Срцевиот удар е заболување кое бара итно конвенционално лекување . Алтернативаната медицина неможе да се споредува со стандардните лекови и итни хирушки зафати во текот на првата , најризчна фаза на нападот, но затоа е многу успешна во превенцијата и во текот на закрепнувањето на пациентот.

ПРЕВЕНЦИЈА

– Одржувајте ги врските со пријателите и семејството зашто луѓето кои имаат слаби социјални врски  се многу по подложни на срцев удар

– Направете соодветна промена во исхраната

– Одете редовно на контроли

– Консултирајте се со лекар за земање на аспирин секојдневно зашто тоа секојдневно го намалува ризикот од срцев удар

– Чувајте домашно милениче .Сопстевниците на  миленичиња по правило побрзо оздравуваат ,поради намалување на стресот.

Божана Ќулафкова

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.