Се врати на велешкиот асфалт првата лиценцирана таксистка, сега Јаковлевиќ се квалификуваше и за возење на автобуси (видео и фото)

Објавено на 12 мај, 2025 во 10:14

Таа е жена, Велешанка, со животна професија такси возач. Кога Ленче Јаковлевиќ седна зад воланот во такси возилото, пред 26 години, беше првиот лиценциран такси возач во градот.  Така ги урна табуата за професијата што ја избра дека е само за мажи. Велешани ги превезуваше од една на друга страна во градот, до сите населени места во општината како и до градови во државата уште во време на првата приватна градска такси компанија. Следни беа возењата и за останатите приватни градски такси компании. Тогаш беше чудно зад воланот наместо таксист да седи таксистка и тоа девојка која само што завршила средно училиште, па потоа уште едно и наместо како хемиски и економски техничар работи како такси возач.

Денеска, кога Јаковлевиќ, повторно ве вози, по враќањето од Германија, тоа воопшто не претставува проблем. Особено не за Велешанки, за кои таксистката рече дека повеќе се муабети додека ги вози.

Јаковлевиќ во разговорот за Дума.мк освен за мотивите и предизвиците на нејзината професија проговори и за проблемите, кои не се поврзани со граѓаните патници.

Таксистката Ленче Јаковлевиќ додека беше на привремена работа во Германија се обучи и положи испит со којшто стекна квалификација за возач на автобус. Таа со гордост ја покажува дозволата за управување на оваа категорија на моторни возила.

Засега тврди дека оваа дозвола нема да ја користи. Но не ја отфрла можноста доколку некогаш во животот и биде потребна.  

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.