Здраво е да конзумирате киви! (АУДИО)

Објавено на 22 ноември, 2021 во 16:28

Овошниот плод киви е извонреден извор на витам Ц доколку просечно тежи приближно 70 грама.  Задоволува 85 отсто од дневните потреби на овој витамин којшто штити од кивавици и заболувања на срцето, помага во изградбата и обновувањето на имонолошкиот систем, дава заштита од одредени видови на канцер и помага во превенцијата на катаракта.

Во тоа му помагаат каротеноидите лутеин и зеаксантин, антиоксиданти кои ја спречуваат дегенерацијата на жолтата дамка што се јавува со стареењето.

Порција киви е најбогат извор на лутеин во светот на овошјето и зеленчукот. Негово умерено внесување во организмот обезбедува оптимална заштита на чувствителното очно ткиво , но и за намалување на ризикот од канцер на дебело црево.

Кивиото ја штити ДНК во човечките клетки од оштетувања  и го спречува создавањето на малигните тумори.

Делува врз крвните садови  како аспирин, но без несакни дејства. Тоа е благотворно за кардиоваскуларниот систем бидеќи ја намалува можноста за создавање крвни згрутчувања. Конзумирањето на киви го намалува количеството на триглицериди во крвата за 15%.

Растворливото влакно пектин, што го содржи, штити од заболувања на срцето и од дијабетес. Додека нерастворливите влакна овозможуваат оптимална работа на системот за варење и спречува запек.

Кивито е одличен извор на калиум, минерал кој му помга на срцето да работи поефикасно  и има клучна улога во контролата на крвниот притисок.

Напомена: Кората на кивито содржи три пати повеќе антиоксиданси од плодот а воедно штити од стафилококи и ешерихија коли. Кога подготвувате  здрави напивки во блендер, користете нелупени киви.

Колку е доволно?

Препорачано количество се само две кивија со средна големина. Ако е многу тврдо значи е зелено и кисело.

Кивито може да се чува пет до осум дена во фрижидер.

Божана Ќулавкова

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.