Д-р Ѓорѓиевски: Зошто имаме негативен ПЦР тест, а сепак имаме корона вирус инфекција ?

Објавено на 17 јануари, 2022 во 17:29

Постојат повеќе видови на тестови кои испитуваат присуство или пак прележана инфекција од SARS Co2 вирус. Имено на пазарот постојат околу 150 различни производители на тестови. Светската здравствена организација генерално грубо ги калсифицира во три категории, иако тие се меѓусебно поврзани. Па така оваа поделба не е комплетно точна и силно е ригидна.  

Што  е ПЦР тест ?

Најчесто користениот и најпрецизниот тест за корона  инфекција е така наречениот ПЦР тест . Тоа е тест којшто го добил името од една реакција со која се докажува Полимераза верижна или Polymerase Chain Reaction и со која се испитува одреден дел од самиот вирус.

Како се зема брисот за ПЦР тест ?

Се зема примерок со лабораториско стапче за земање проба од грло  а погоден е и шлајм од белите дробови. Следи серија на активности со коишто се размножува и разделува примерокот.  Се размножува геномот во примерокот за потоа да се види дали во него има геном од самиот вирус.

Имено со една биохемиска анализа, поточно „Агароза/Гелелектрофореза“, на крајот се гледа дали има вирусен геном од SARS Co2 вирусот.  

Во случај да се пронајде таков геном кај испитаникот тој е заразен односно може да го шири во околината.

Мора да се има на ум дека постои можност овој вирусен геном да го има во некое место од телото но да не е размножен во површината на респираторниот тракт. Па затоа пациентот може да има корона вирус инфекција но тестот на ПЦР да биде негативен. Тоа е затоа што вирусот не се размножил на површината на грлото или душникот.

Но позитивен ПЦР со сигурност значи доказ за активна инфекција  на пациентот.

Какви се АНТИТЕЛО тестовите?

Тоа се среолошки тестови. За нив потребно е да ви се земе крв. Примерокот од крвта се центрифугира  за да се добие серум и од него се испитува антитело.

Што е антитело ?

Кога вирусот ќе влезе во организмот нашиот организам развива антитела (протеини). Тие се борат со вирусот односно се слепуваат со него и го инактивираат. Значи овој тест ни кажува дали сме биле  и сме активно изложени на овој вирус. Тестот не е прецизен за акутна инфекција бидејќи антителата кои се викаат IGG се развиват после две недели од основната инфекција и тие се маркер за поминат вирус или пак за вакцинација. Односно кога имаме доволен титар (количина )ИГГ антитела ние сме заштитени од вирусот. Први антитела кои се развиваат се IGM и тие се маркер за акутна инфекција.

На овој принцип функционираат брзите тестови кои можат да се најдат во секоја аптека.  Практично со капнување на крв на одреден дел од тестот настанува акција со антителото кое е развиено во крвта на пциентот и настанува промена на бојата на тестот или појавување на две линии.

КОГА да се тестираме?

Најдобро е кога ќе Ве советува Вашиот лекар

За да добиете правилни и веродостојни резултати потребно е  да се испитува во определена фаза од болеста. Ако сте во инкубационен период , односно кога сте имале контакт со болен од корона вирус но не и симптоми, тестот ќе испадне негативен бидејќи сеуште нема вирусни геноми во површинската слузница ниту пак имало време да се развијат антитела. Од друга старана тоа кажува зошто некои луѓе и покрај фактот дека  се заболени отпосле ќе развијат симптоми на вирусот иако на почетокот имале негативни тестови.

ЗНАЧИ ТЕСТОТ СЕ ПРАВИ ВО СООДВЕТЕН ПЕРИОД ОД ИНФЕКЦИЈАТА ЗАТОА СОВЕТУВАЈТЕ СЕ  СО ВАШИТЕ МАТИЧНИ ЛЕКАРИ ЗА ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ТЕСТИРАЊЕ.

Д-р Атанас Ѓоргиевски, специјалист кардиолог

моб.тел.број  070 / 324 903

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.