Мекото влијание на Кина за долгорочно позиционирање во регионот

Објавено на 12 јануари, 2023 во 21:54

И покрај растечкото влијание во регионот, Кина најверојатно нема да ја замени ЕУ, политички или економски, ниту пак, НАТО како воено-безбедносен партнер на Балканот. Пекинг ја игра долгата игра и нема да влезе во отворена конфронтација за регионот, но затоа ќе продолжи да ги користи финансиските и економските лостови за да го зголемува своето влијание. Во анализата  на Европскиот парламент за влијанието на Кина на шесте земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија), презентиран во јуни оваа година, се истакнува дека оваа земја инвестирала 32 милијарди евра во регионот во 2009-2021 година. Само во Србија, кинеските инвестиции достигнаа 10,3 милијарди евра. Фокусот на кинеските интереси е на транспортната инфраструктура (преку Пиреја и Белград до Дуизбург), но сега се проширува и на индустријата, енергијата и комуникациите/ИТ

Пишува: Зоран Бојаровски

На самитот во Брисел во 2021 година, лидерите на НАТО за првпат на таков начин изјавија дека амбициите и однесувањето на Кина претставуваат „системски предизвици за меѓународниот поредок заснован на правила“ и за безбедноста на Алијансата.

Шефовите на држави и влади во декларацијата од овој Самит истакнаа дека земјите членки на НАТО се соочуваат со зголемено влијание на Кина коешто претставува предизвик со кој треба да се справат заеднички како Алијанса.

И на Самитот во Букурешт оваа година во ноември, на ниво на министри за надворешни работи НАТО ги повтори поентите од Брисел од пред една година.

Министрите за надворешни работи ги разгледаа амбициозните воени активности на Кина, нејзиниот технолошки напредок и растечките сајбер и хибридни активности. Тие, исто така, ја истакнаа важноста од исполнување на упатствата на НАТО за отпорност, одржување на технолошката предност на НАТО и продолжување на зајакнувањето на соработката со партнерите во Индо-пацифичкиот регион и со Европската унија, кажа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Со еден збор, фокусот на НАТО останува на односите со Русија и тековните конфликти во Украина на границата на нејзиното јужно крило, на Блискиот Исток и Северна Африка. Но, Алијансата сфати дека растечката проекција на кинеската моќ веќе се чувствува надвор од Индо-Пацификот, особено во европското соседство.

Кинеските инвестиции како стапица за долгови

И сосема очекувано, кога се зборува за влијанието на Кина во европското соседство, се мисли на југоисточна Европа, односно уште попрецизно на регионот на Западен Балкан.

Во анализата  на Европскиот парламент за влијанието на Кина на шесте земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија), презентиран во јуни оваа година, се истакнува дека оваа земја инвестирала 32 милијарди евра во регионот во 2009-2021 година. Само во Србија, кинеските инвестиции достигнаа 10,3 милијарди евра. Фокусот на кинексите интереси е на транспортната инфраструктура (преку Пиреја и Белград до Дуизбург), но сега се проширува и на индустријата, енергијата и комуникациите/ИТ.

Иницијативата „Појас и пат“ e главнатa рамка за проширување на економското присуство на Кина во регионот и ѝ овозможува пристап до клучните копнени и поморски рути. Заемите и инвестициите дополнително ја подобруваат позицијата на Кина и создаваат зависности, па дури и стапица за долгови, за шесте држави од Западен Балкан.

Анализата на Центарот за анализи на европските политики (CEPA) покажува дека повеќе од една деценија региони од особено внимание за Пекинг се Централна и Источна Европа. Освен економските инвестиции, изразените дипломатски односи и градењето културни мостови, посебен ангажман Кина посветува на кампањи за јавна дипломатија во кои доминираат пропагандистички содржини и дезинформации.

Оваа анализа нотира дека Северна Македонија има највисока стапка на позитивно восприемање на информациската кампања на Кина, што во голема мера се припишува на неодамнешното зголемување на присуството на социјалните медиуми во Пекинг во земјата.

Македонија во зоната на „сивата“ информациска кампања на Кина

Во Северна Македонија нема директно влијание на кинески државни медиуми и оттаму кинеските официјалните позиции главно се застапени во националните медиуми, каде што Кина се презентира како моќна и одговорна светска сила и со нагласување на позитивните приказни за оваа земја.

Значително поголема е застапеноста на интернет порталите кои пренесуваат објави без наведување на извор и без автор, за разлика од странските сервиси каде што написите најчесто се авторски, подобро разработени и аргументирани. Присуството на оваа „сива“ пропаганда, којашто е покарактеристична за социјалните мрежи, сепак во овој момент нема потенцијал да предизвика промена во јавното мислење и претежно предизвикува позитивни реакции само кај маргинален дел од корисниците на социјални медиуми, кои се интересираат за теории на заговор насочени против западните земји.

Подиректен канал за влијание на кинеските информациски кампањи е Фејсбук и тоа страниците на кинеската амбасада во Скопје и на Институтот Конфуциј. Институтот е присутен на Фејсбук речиси од самото формирање во 2013 години, иако во почетокот имаше многу мал број објави во споредба со денес.

Cтраната на амбасадата е отворена на 30 ноември 2019 година, во текот на глобалната кампања иницирана од кинеската влада за поголемо присуство на странски социјални мрежи и поактивна дипломатска активност. Отворањето на Фејсбук страната на амбасадата е придружено со отворање на Фејсбук профили и на кинеските дипломати во земјата.

Прегледот на содржините на Фејсбук страницата на Амабасадата на НР Кина во нашата земја покажува доминација на позитивни постови за Кина и повремено се објавуваат чувствителни теми, како што се Тајван, Хонг Конг, потеклото на ковид-19 и војната во Украина.

Во споредба со почетниот период на активност на Фејсбук, во 2022 година, што се совпаѓа со почетокот на војната во Украина, кинеската амбасада почна да објавува повеќе содржини кои не се директно поврзани со Кина, Северна Македонија и нивните односи.

Некои објави се однесуваат на внатрешни личности, настани и процеси во САД; потоа нивниот одговор на ковид-19; го оцрнуваат односот на САД кон трети земји, како што се Авганистан, Индија или Непал; ги обвинуваат САД за ескалацијата на односите меѓу Русија и Украина, како што беше дезинформацијата за наводните докази за американски биолошки лаборатории во Украина; и ја доведуваат во прашање рационалноста на политиките и санкциите на ЕУ.

На Фејсбук страницата на кинеската амбасада редовно се  објавуваат написи на агенциите Ксинхуа или Глобал Тајмс, како соопштенија на кинеските државни институции, но тие се без позначаен интерес и ангажман кај публиката.

Партиски насоки за влијанија на трета страна во земјата

Од друга страна, во нашата јавност малку е позната работата на Институтот за Централна и Југоисточна Европа со седиште во Будимпешта,кој е основан како огранок на Институтот за европски студии на Универзитетот за општествени науки од Вухан, Народна Република Кина.

На нивната интернет страница во категоријата „Неделни брифинзи“ со прилично честа динамика се објавуваат анализи на различни теми за најважните актуелни настани и процеси во земјите од централна и Југоисточна Европа.

Во еден од брифинзите за Северна Македонија со наслов „Macedonian foreign policy in convergence with the EU and divergence with its people“, веќе самиот наслов (Македонската надворешна политика во согласност со ЕУ, но спротивна на народот“ навестува дезинформации и злонамерни интерпретации.

Во овој брифинг објавен на 9 ноември оваа година пишува:

Во текот на 2022 година, надворешно-политичките одлуки, изјави и дејствија преземени од македонските државни и владини претставници беа реплика на позициите преземени од НАТО и ЕУ за различни важни геополитички случувања. Ситуацијата остана непроменета во раните есенски месеци. Оваа состојба на работите претставуваа продолжување на надворешната политика од претходните години, кога евроатлантските наративи за регионалните и глобалните настани беа некритички усвоени и поддржани од страна државниот врв. Како одговор на конфликтот во Украина беа преземени неколку акции коишто не само што ја демонстрираат потчинетоста на политичките елити, туку и ги поткопаа економските и безбедносните интереси на земјата и ја зголемија нејзината зависност, особено во енергетскиот сектор. Оваа линија во надворешната политика придонесе за проширување на големиот јаз меѓу Владата и граѓаните, кои сè повеќе се гледаат себеси како жртва на политиките што не ги поддржуваат.

Во овие пет реченици има исто толку невистини или злонамерни интерпретации, што се апсолутно спротивни на стратешките политики на замјата за кои има апсолутна политичка определба уште од независноста на земјата, и тоа воопшто не е променето досега.

Во овој брифинг се изнесува мислење дека „евроатлантските наративи за регионалните и глобалните настани беа некритички усвоени и поддржани од страна државниот врв“, како авторката на овој брифинг да ги преспала настаните од независноста до денеска како оној кога во 1993 година Собранието на Република Македонија ја усвои Резолуција за надворешно политичките приоритети на земјата – членството во НАТО и во ЕУ.

Со членството во НАТО и со почетокот на преговорите за членство во ЕУ, стануваат апсурдни констатациите дека политичката елита „демонстрира потчинетост“, што е, всушност, само крајно злонамерно толкување на целосната усогласеност на политиките на земјата со оние на нашите сојузници во ЕУ и НАТО и со останатиот прогресивен дел од светот во осудата на воената агресија на Русија на Украина.

Освен злонамерни интерпретации, на кинеската јавност врз основа на неточни информации ѝ се сервираат заклучоци кои немаат никаква реална основа, како што е „констатацијата“ дека оваа „надворешна политика придонесе за проширување на големиот јаз меѓу Владата и населението, кое сè повеќе се гледаше себеси како жртва на политиките што не ги поддржува“.

Во истражувањето на јавното мислење „30 години надворешна политика“ на Фондацијата „Конрад Аденауер“ објавено минатиот месец, 50,4 отсто од испитаниците сметаат дека руската воена агресија врз Украина е неоправдана и неприфатлива. Ова мислење на македонските граѓани е многу слично со мислењето граѓаните на другите држави членки на ЕУ и на НАТО, каде што 57 проценти од испитаниците во европските држави изјавиле дека се задоволни од одговорот на Унијата во однос на руската агресија врз Украина.

За поддршката на НАТО нема што да се зборува, ама и поддршката за членство во ЕУ, и покрај блокадите во процесот, останува уште многу висока. Според најновото истражување на јавното мислење на Меѓународниот републикански институт (IRI), дури 73% од граѓаните ја поддржуваат идејата за членство на Северна Македонија во ЕУ, и тоа воопшто не е во спротивност со желбата на граѓаните како што малициозно наведува неделниот билтен на кинескиот Институт за Централна и Југоисточна Европа.

Од друга страна, за да се оправда оваа квазитеза, дека во „надворешната политика има голем јаз меѓу Владата и населението, кое се гледа себеси како жртва на политиките што не ги поддржува“, речиси цела половина од билтенот е исполнета со ставови, изјави и со делови од програмските политики на Левица. Со тоа само по себе се наметнува дека овој неделен брифинг за надворешната политика на Северна Македонија се претвора во партиски билтен на оваа партија, што, секако, може да послужи како основа за насоките за влијанието на НР Кина во Северна Македонија, иако таа е застапена само со 2 пратеника кои се единствената анти -НАТО формација во Собранието, во кое сите останати 116 се претставници на партии коишто ја поддржуваат Северноатланската алијанса.

Доминацијата на политиките на Левица и на ВМРО-ДПМНЕ во овие брифинзи, како крајно неизбалансирана позиција во однос на владеачките, официјални политики на земјата, не се присутни само во овој неделен брифинг. Вордингот и преовладувачкиите наративи на Левица ги наоѓаме во брифингот под наслов „Macedonian President amongst nine other CEEC Presidents who accept Ukraine’s request for NATO membership“ (Македонскиот претседател меѓу деветте претседатели на земјите од ЦЈИЕ што го прифатија барањето на Украина за членство во НАТО“).

Авторката за овој брифинг за НР Кина заклучува дека тоа „не било изненадување за македонската јавност“, бидејќи политичките лидери во земјата се „гротескни марионети, чија единствена улога е да ги следат упатствата што им ги даваат нивните марионетски мајстори во Брисел или Вашингтон“ и дека „честопати преземаат чекори што ги надминуваат барањата на нивните господари“, како „комичен феномен што ја одразува и манифестацијата на евроатлантскиот екстремизам, како нуспроизвод на интернационализацијата на идеологијата на НАТО“.

Овој „левичарски“ наратив во неделниот брифинг доаѓа како заклучок веднаш после пасусот во кој Левица го критикува државниот врв за донацијата на воена опрема на Украина.

Актерите и сценаријата на кинеското влијание

Во продолжение, за да биде појасно, брифинзите на Институтот за Централна и Југоисточна Европа се фокусирани на темите меѓународни односи, економија и политика и општество, со што целосно се совпаѓаат со утврдените интереси за влијание на НР Кина препознаени како стратешки (меѓународните односи), економски и идеолошки (политика и општество), констатирани во студијата „Chinese Influence in North Macedonia“ (Кинеското влијание во Северна Македонија) на Центарот за анализи на европските политики (Center for European Policy Analysis).

За да биде уште појасно каде завршуваат овие брифинзи, треба да се има предвид дека директор на Институтот за централна и југоисточна Европа, којшто е нарачател на овие „неделници“, е Фенг Жонгпинг, кој претходно бил заменик претседател на Кинескиот институт за современи меѓународни односи (CICIR), односно на 11-тото биро на Министерството за државна безбедност под директен надзор на Централниот комитет на Кинеската комунистичка партија.

Овој след на поврзани точки укажува на тоа дека иако кинеските операции за влијание во Северна Македонија спаѓаат во опсегот на она што се нарекува фасилитирачка комуникација – воспоставување и одржување на ефикасни канали за комуникација и градење на целна публика, тие секако говорат и за обидите да се влијае врз претставници на медиумите преку тактиките веќе идентификувани од Министерството за надворешни работи на НР Кина. Тие тактики вклучуваат  платени патувања (обука за новинари во Кина во 2014 година), обиди за градење односи меѓу професионалните здруженија (посета и средби на кинеското новинарско здружение All-China Journalists Association што е всушност поврзано со Комунистичката партија во 2017), донација на маски (2020), како и преку видливо зголемената активност на кинески дипломатски претставници на традиционалните медиуми (преку интервјуа, авторски текстови итн.) и на социјалните мрежи (Фејсбук).

Анализата на ЕСТИМА предупредува дека иако за разлика од Русија, Кина е релативно нов актер на овие простори, нејзините амбиции и можностите што ги има на располагање се во сериозен подем. Поради тоа, потребно е да се развие сеопфатен пристап со цел да се заштити плуралноста на мислења како темелна вредност, да се спречи „локализирањето“ на лажните наративи и воопшто да се зајакне отпорноста кон една таква странска пропаганда.

Во таа смисла, детектирање и отстранување на лажни профили и ботови претставува само отстранување на директните и видливи симптоми, но не ги решава причините. Неопходно е преземање на серија чекори за промена на јавните политики и затоа се препорачува јакнење на капацитетите за разбирање на Кина и кинеските позиции кај новинарите, институциите, политичките елити и граѓанското општество, со цел поттикнување на информирана јавна дебата и борба против дезинформациите.

Од она што може да се препознае како можни сценарија на другите важни аспекти, и покрај растечкото влијание, Кина најверојатно нема да ја замени ЕУ, политички или економски, ниту пак, НАТО како воено-безбедносен партнер на Балканот. Пекинг ја игра долгата игра и нема да влезе во отворена конфронтација за регионот, но затоа ќе продолжи да ги користи финансиските и економските лостови за да го зголемува своето влијание.

Војната во Украина ја одложи имплементацијата, но каде и да е, Европската комисија ќе ја започна својата програма Глобална порта, која ќе посвети 300 милијарди евра до 2027 година за инвестиции во инфраструктурата, енергијата, заштитата на животната средина, образованието и здравството ширум светот. Околу 30 милијарди евра од овие 300 се наменети за Западен Балкан, што претставува околу една третина од годишниот БДП на регионот. Иако иницијативата Глобална порта не ја спомнува директно Кина, за аналитичарите нема сомневање дека нејзината цел е да биде алтернатива на огромните инвестициски иницијативи на Пекинг.

Овој напис е изработен во рамките проектот Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet คาสิโนออนไลน์888
8xbet
8xbet
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ข่าวฟุตบอล
8xbet บาคาร่า
8xbet เว็บพนันออนไลน์เว็บตรง
บอลไทย U23
แทง บอล เดี่ยว
ข่าวบอลอังกฤษ
การคาดการณ์การแข่งขัน
8xbet คาสิโนสด
คะแนน ผล บอล สด 888
พัทยาสปอร์ต
ข่าวกีฬาเขตร้อน
ผลบอลสดวันนี้
ดูบอลสด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ราคา บอล ภาษา ไทย
8xbet แจกเครดิตฟรี 1000บาท
ไทยล่าสุดฟุตบอลยุโรป
ดูบอลออนไลน์888
โปรแกรม ฟุตบอล ไทย วัน นี้
8xbet
888 ผล บอล สด ภาษา ไทย
8xbet-สล็อตแมชชีน
ถ่ายทอดสดฟุตบอลวันนี้
ดูการแข่งขันฟุตบอลออนไลน์
วันนี้ล่าสุดฟุตบอล
ดูบอลสด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
กษัตริย์สปอร์ต
เว็บข่าวกีฬา
ข่าวกีฬา ข่าวฟุตบอล
ดูบอลสด
ผล บอล ไทย 888
ฟุตบอลไทยล่าสุด
บอล วัน นี้ บ้าน ผล บอล
ผลบอลสดไทย
ผล บอล สด 888
อัปเดตข่าวบาดเจ็บ ล่าสุด
ผล บอล สด ตาราง คะแนน
ดูฟุตบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ผลการแข่งกัน
8xbet
ตาราง บอล สด ไทย
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสดวันนี้
8xbet
ข่าวกีฬาสดใหม่
Sport Live News
8xbet สล็อตออนไลน์
8xbet คาสิโนสด
meta789 สถานีข่าวกีฬาฟุตบอล
การเดิมพัน 8xbet
ผล บอล ไทย สด
8xbet
8xbet - หน้าแรกการเดิมพันออน
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอล ดูบอลสด
8xbet เข้าสู่ระบบ
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet คาสิโนสดไทย
8xbet
ดูบอลสด วันนี้ HD ครบทุกคู่
ข่าวกีฬาวันนี้
8xbet คาสิโนถูกกฎหมาย
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
คะแนนฟุตบอล และข่าวสาร
8xbet
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ฟุตบอล
บอลไทย U23
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก
TNS Thai Sport
ตก็สามารถดูบอลออนไลน์ได้ทันที.
8xbet
พนัน บอล สด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ตารางบอล
แพลตฟอร์มการเดิมพันชั้นนำของเอเชีย
ข่าวกีฬาวันนี้
เว็บไซต์รวมกีฬาและภูมิศาสตร์มนุษย์ของประเทศไทย
ฟุตบอลวันนี้ ถ่ายทอดสด
ผล บอล ไทย สด
โปรแกรม บอล ไทย u23
8xbet ออนไลน์
8xscore
ข่าวฟุตบอล
8xbet คาสิโนออนไลน์อันดับ1
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
บอล สด 888
8xbet
สกายสปอร์ต
การดำเนินชีวิตที่เทคโนโลยี
ดูบอลออนไลน์ ไม่กระตุก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
สำหรับคอกีฬาอย่างคุณไม่ควรพลาด
8xbet สโมสรกีฬาออนไลน์และคาสิโน
คาสิโนออนไลน์ 8xbet
ไฮไลท์ฟุตบอลตารางบอล
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผลบอลสดวันนี้
ฟุตบอลต่างประเทศ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอลสดฟรี
ดูบอลฟรี android tv รองรับทุกระบบ
ข่าวฟุตบอลไทย
ข่าวฟุตบอลล่าสุด
8xbet เว็บคาสิโนสด
บอลไทย ตารางแข่ง
Nuru Sports Club
ดูฟุตบอลออนไลน์
8xbet เว็บบาคาร่าออนไลน์
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
วันนี้ล่าสุด
Sunshine Sports
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
และกีฬาอื่นๆ
ผลบอลเมื่อคืน
8xbet เครดิต ฟรี
สารานุกรม
8xbet
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสด
แทง บอล ขั้น ต่ํา
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด ลา ลิ กา
บอลไทย
ตารางบอลล่าสุด
พรีเมียร์ลีก
ผลบอลผลบอลสด
โปรแกรม บอล
ข่าวการแข่งขันฟุตบอล
เว็บดูบอลออนไลน์ที่จะช่วยให้คุณ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูทีวีออนไลน์
8xbet คาสิโนบาคาร่า
ดูบอลสด
การคาดการณ์การแข่งขันอ
ได้เครดิตฟรี 100 บ
โปรแกรม ถ่ายทอด ฟุตบอล สด
อัปเดตข่าวฟุตบอล ล่าสุด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ฟุตบอลเชลซีถ่ายทอดสด
วิธีแทงบอลในเว็บ
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
แทง บอล ออนไลน์ ยัง ไง
อัตรา แทง บอล
พนัน บอล สด
รวมข่าวฟุตบอล ผลบอล
ผลบอลสด7m888
8xbet การพนันออนไลน์
ข่าวกีฬา
ผลบอลสด
8xbet คาสิโน มีอะไรบ้าง
ฟุตบอลทีมชาติไทย
ตาราง ฟุตบอล ทุก ลีก
แทง บอล คือ อะไร
ตาราง คะแนน พรีเมียร์ ลีก
โปรแกรมถ่ายทอดสด
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา
บอล พรีเมียร์ ลีก
คะแนน บอล สด
ผลฟุตบอล
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
ข่าวกีฬาออนไลน์
ไฮไลท์ฟุตบอล
Sports Around Thai
8xbet เครดิตฟรี50 แทง บอล
ไฮไลท์ฟุตบอล
สล็อตออนไลน์
กีฬาต่างประเทศ ผลบอล
เดิมพันแมนเชสเตอร์ซิตี้
ผลบอลสด888
8xbet คาสิโนออนไลน์เว็บตรง
ไฮ ไล ท์ แมน ยู ล่าสุด
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด
เว็บไซต์เดิมพันกีฬาที่ดีที่สุด
ดูบอลออนไลน์
เดิมพันกับ 8xbet
วิเคราะห์บอล
8xbet
8xbet คาสิโนออนไลน์ที่ดีที่สุดในเมืองไทย คา
ข่าวกีฬาวันนี้ ล่าสุด
ดูฟุตบอลออนไลน์
ดูบอลสดไทย
8xbet สล็อตแมชชีน
พนัน บอล สด
ข่าวบอลพรีเมียร์ลีก
แม็กกี้ สปอร์ต
8xbet
ข่าวกีฬา ล่าสุด
4U Sports Thai
8xbet คาสิโนพรีเมียม
ข่าวกีฬาล่าสุด
ผลบอลสด888 บอลพรุ่งนี้
เกมสล็อต 8xbet
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผล บอล สด 365
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet
กีฬาแห่งประเทศไทย
8xbet
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ข่าวกีฬาไทย 24
สล็อตออนไลน์เว็บตรงไม่ผ่านเอเย่นต์ PG SLOT99
ผล บอล สด sbobet
เว็บโป๊กเกอร์ออนไลน์ ที่ pokerthai99
ผลบอลสด
ฟุตบอลไทยวันนี้ช่องไหน
อัตรา แทง บอล วิเคราะห์บอล
รายการ บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ทีเด็ดบอลวันนี้ 4 คู่ผลบอลสด
ตารางบอลวันนี้ ทุกลีก ภาษาไทย
ดูวิเคราะห์บอลวันนี้
ไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสดไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสด ช่อง ไหน
โปรแกรม พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ถ่ายทอด สด
เช็ค ผล บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ
888 ผล บอล ผล บอล สด