(ВИДЕО) Кајмакоски и на петтиот Live X -фактор брилијантен!

Објавено: 5 февруари, 2014, во 07:48 часот

Македонскиот претставник Даниел Кајмаковски на петтата live вечер од Х-Фактор Адриа, го изведе хитот на Avicii -Wake me up и како и по обичај доби само позитивни коментари од сите членови на жирито.

Кристина Ковач: “Ти си роден за на сцена! Има луѓе кои добро пеат, има луѓе кои технички совршено пеат, има различни пејачи, но ти си роден да го работиш ова што го работиш! И многу е убаво тоа да се види и слушне. Секоја чест!

“Совршено! Многу повеќе ми се допадна твојата изведба отколку оригиналот од Avicii”. – гласеше коментарот на Кики.

Емина: “Па можеби ти си ја пеел оваа песна во оригиналот. Браво Даниел, повторно беше фантастичен! И таа страст која ја имаш на сцена, тоа ми се допаѓа.”

Неговиот ментор, Жељко, на крај изјави: Добро изгледаше, малку ме потсети на фотографот од Бошко Буха, не знам дали се сеќавате на тој филм..”

На се ова Даниел рече : “Јас своите грешки сам ги приметувам и очекувам уште многу повеќе од сам себе. Се надевам дека ќе го поминам и овој круг за да можам тоа и да го докажам”

Тамара која изведе акустична верзија на хитот Umbrella, посебно се заблагодари на обожавателите од Македонија кои ја поддржувале од самиот почеток на шоуто.

Во оваа емисија специјален гостин беше евровизискиот победник Loreen, која изведе фантастично две нејзини песни и во краткиот разговор потоа го пофали Белград, каде што првпат доаѓа.

Погледнете го видеото од настапот на Даниел Кајмакоски.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=psF1C_JxjgU{/youtube}

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.