Во Киев 75 убиени и илјадници повредени
Објавено: 21 февруари, 2014, во 08:55 часот
Билансот на убиени и повредени во судирите во Украина постојано расте и за сега нема најпрецизни бројки. Опозицијата тврди дека има над 75 убиени и илјадници повредени. Тие почнаа да прават листа на убиени и исчезнати на интернет.
МВР на Украина излезе со официјални бројки и вели дека 130 припадници на украинската полиција добиле огнострелни рани од почетокот на немирите во Киев, во вторникот .Вкупно 565 полицајци побарале медициска помош од 18 февруари.
Министерството нагласува дека 410 полицајци се на болничко лекување поради повреди добени за време на демонстрациите.
Во раните утрински часови на денешниот ден демонстрантите во Киев ослободија припадниците на внатрешните војски, кои беа земени за заложници вчера од радикално настроени демонстранти.Утринава ситуацијата во центарот на Киев останува релативно мирна по најкрвавата ден.
Пред малку листа со имињата на загинатите во она што веќе може да се нарече граѓанска војна во Украина објавена е на официјалната страница на протестите Евромајдан, која се надополнува
Според оваа информација жртвите од страна на демонстрантите се 63, а меѓу милиционерите – 10. Ситуацијата сепак е динамична и не се знае до колку ќе се зголеми тажната статистика. Меѓу убиените демонстранти има и имењак на познатиот руски режисер Сергеј Бондарчук.
Киев: Демонстрантите не задоволни од преговорите со Јанукович
Објавено: 24 јануари, 2014, во 08:08 часот
Илјадници демонстранти на Плоштадот на независноста во Киев покажаа дека не се задоволни од исходот од преговорите меѓу опозицијата и украинскиот претседател Виктор Јанукович.
Демонстрантите извикуваа срамота, и негодуваа додека лидерите на опозицијата им пренесуваа резултати од разговорите со претседателот и ги повикаа да останат мирни.
Ги чувствувам тензиите што овдека се присутни. Чувствувам колку се надевате. Ова ќе ве разочара“ – рече Виталиј Кличко, лидер на опозициската Удар.
Според Кличко власта може да се смени и без крвопролевање.
Лидерот на националистичката партија Свобода, Олег Тјагњбок рече дека властите ветиле дека ќе ги ослободат сите опозициски активисти уапсени за време на протестите. Тој додаде дека постои предлог да се направи тампон-зона меѓу демонстрантите и полицијата и главниот собир на Плоштадот на независноста да биде заштитен од полицијата. На прашање дали ќе продолжат разговорите тој одговори негативно, но тоа засега не е официјално потврдено.
Третиот опозициски лидер кој учествуваше во разговорите Арсениј Јацењук рече дека демонстрантите не треба да се откажат, и повика на мирни протести.
Разговорите на опозицијата со Јанукович траеја четири часа.
Кличко претходно успеа да издејствува примирје меѓу демонстрантите и полицијата во Киев додека траат преговорите. Демонстрантите во средата му поставија ултиматум на Јанукович да распише предвеемени избори во рок од 24 ачса или ќе се соочи со пожестоки протести.
Напиши коментар
Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.
