Балканската ѕвезда Драган Маринковиќ Маца на фестивалот „5ре“ ги насмеа велешани до солзи

Објавено на 18 мај, 2023 во 11:30

Какви се денешните модерни љубовни врски, како жените влијаат врз мажите и што се може да направи една жена ако науми, на свој уникатен начин и преку „разговор“ анализираше балканската ѕвезда Драган Маринковиќ Маца пред публиката на фестивалот „5ре“. Неговата претстава „Каква ти е жената, таков ти е животот“, вчера вечер, до последно место ја наполни салата на големата сцена “Петре Прличко“ на велешки Театар „Јордан Х.К Џинот“.

Драган Маринковиќ Маца за Дума.мк откри дека за прв пат е во Велес и му претставува особено задоволство што е поканет на фестивал насловен по проучениот актер Петре Прличко .

-Убав е овој театар и убаво е да се игра на оваа театарска сцена. Публика е сјајна, како да сме се дружеле подолго време.  Живеевме некогаш во иста држава. Ви го сакам македонскиот јазик, тоа како вие зборувате и мене тоа ми е супер. Се надевам дека се разбираме.Како да забележав дека публиката доволно не ме разбра во некои делови од текстот, можеби поради мојот сараевски акцент. Најважно ми е дека велешани ја сфатија приказната. Добив голем аплауз на крајот од претставата и верувам дека публиката уживаше, додаде Маринковиќ.

Неговиот неколкучасовен претстој во Велес го наложи настапот во Германија како дел од неговата турнеа. Тоа било причина што не остана подолго време за подобро да го запознае Велес. Но, како што рече, има добри пријатели во Македонија и се надева дека наскоро повторно ќе дојде во Велес.

Фестивалот на комедија „5ре“, вечерва на репертоарот наместо претставата „Секс и лаги“ сепак ќе го има натапот на познатиот комичар Никола Тодоровски со STAND UP SHOW насловено „Да БолиТ“. Влезниците купени за претставата публиката ќе ги користи за шоуто со Тодоровски. Организаторите даваат можност влезниците и да се вратат на билетарата на театарот во Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.