Дума.мк во Баошице-Црна Гора: „Фешта од музика, риба, вино и леб зачинети со мимози, љубов и гостопримство“ (видео и фото)

Објавено: 14 февруари, 2026, во 23:05 часот

Облаци истурија крбли со дожд над Баошице, кај Херцег Нови, додека стотици љубезни домаќини, денеска, пречекуваа стотици гости на „фешта“ на мимози, риба, вино и незаборавна забава. Забавата беше дел од вториот ден на 57 Фестивал на мимози, риба и вино.

Додека на бината на централен плоштад познати уметници ги изведуваа уште по познатите композиции кои се обележје на овој дел од херцеговската ривиера со кои се слави празникот на цвеќето и љубовта, вредни жени од граѓанска организација „Фешта“ пржеа риба а млади момчиња точеа црвено вино за секој гостин. Тие делеа леб, риба и вино на посетителите на манифестацијата без да им бидат побарани пари. Гости пристигнаа од целиот Бока которски залив на Црногорско приморје како и од соседството поточно од Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија а голем број и од Македонија.

Секоја година, членови на невладината организација „Фешта“, здружение на вредни жени од Баошице, ги пречекуваат гостите не само со риба, туку и со прженица, скара и вино. Рибата се пржи на 15 огнови, раскажуваа вредните жени додека вешто пржеа риба.

Тоа е причина, од година во година, за се поголем број на посетители на Фестивалот на мимози кои имаат можност да добијат бесплатно или да си купат букети од мимози и десетици други разновидни цветови  како и локални производи изработени од вредните домаќини.

Река од луѓе, денеска, се слеваше низ улиците на малата приморска населба каде се јадеше, пиеше,се забавуваше и танцуваше. Сите локални кафетерии беа преполни со гости за кои беа отворени и локалните шанкови на не така малиот број на места на плажите. И пак остана впечатокот дека и да имаше уште толку угостителски објекти кои подготвиле и вкусна скара Баошице ќе беше претесен. Дури и кога дождот буквално се истураше од небото а не им сметаше на посетителите да играат кола, ора и да танцуваат на песок и на асвалт, на отворено или во кафетерии.

Според локалните новинари денеска на фестивалот присуствуваа и голем број гости, претставници на дипломатскиот кор, на Владата на Црна Гора, како и на пријателски и од збратимени градови.

И тие кои што прв пат дојдоа како и гостите кои редовно му се враќаат на Баошице за време на фестивалот со себе повторно понесоа впечатоци кои никогаш не се забораваат затоа што љубезните домаќини, Туристичката организација и општина Херцег Нови, своето гостопримство по 57 пат го искажаа на безброј начини.

Од Баошице крај Херцег Нови,

Репортерска екипа на Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.