Граѓански фото објектив: Населбата „Интернат“ во Велес

Објавено на 4 март, 2024 во 14:46

Повеќе од 20 фотографи коишто Атанас Крлевски ги изработил во три колажи ја прикажуваат населбата позната помеѓу велешани како „Интернат“ а нашиот фотограф објаснува и зошто.

-Фотографиите на колажот  се фотографии од населбата „Интернат“, наречена така по Интернатот „Лазар Лазаревски“ за ученици во средните училишта. Непосредно до Интернатот се наоѓа ООУ „Васил Главинов„ и блок од згради кај Велешани познати како „Топилничките згради“. Оваа населба всушност е и Моето маало каде што живеам и многу си го сакам заедно со моите драги комшии, додава Крлевски.

Дума.мк ги поканува граѓаните од Велес, Свети Николе, Чашка, Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино и Демир Капија да станат  граѓански соработници на порталот со цел да ги овековечиме убавините на вашите градови и на Македонија.

Вашите фотографии испратете ни ги на нашата е-мајл адреса desk.duma@gmail.com.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.