Граѓански фото објектив: Населбата „Интернат“ во Велес
Повеќе од 20 фотографи коишто Атанас Крлевски ги изработил во три колажи ја прикажуваат населбата позната помеѓу велешани како „Интернат“ а нашиот фотограф објаснува и зошто.
-Фотографиите на колажот се фотографии од населбата „Интернат“, наречена така по Интернатот „Лазар Лазаревски“ за ученици во средните училишта. Непосредно до Интернатот се наоѓа ООУ „Васил Главинов„ и блок од згради кај Велешани познати како „Топилничките згради“. Оваа населба всушност е и Моето маало каде што живеам и многу си го сакам заедно со моите драги комшии, додава Крлевски.
Дума.мк ги поканува граѓаните од Велес, Свети Николе, Чашка, Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино и Демир Капија да станат граѓански соработници на порталот со цел да ги овековечиме убавините на вашите градови и на Македонија.
Вашите фотографии испратете ни ги на нашата е-мајл адреса [email protected].
Дума.мк