Издумани Крлевизми:„Нема веќе човекојадци. Кого би го јаделе?“
Афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски е денеска задолжен за момент да ве дефокусира од секојдневните обврски и проблеми преку неговите афористични погледи на актуелни теми од животот. Прочитајте ги неговите афоризми:
„ Кога зад магарето се крева прашина, мисли дека е добар коњ.“
„Ама каков машки свет!? Тука се замешани женски прсти.“
„Тендерите го прават човекот?! Модерни времиња!“
„ Лекција од народот со две букви: Уа!“
„ Од јадењето меѓу себе ни се дебелат мозоците.“
„Колегата одлично си ја знае работата. Да не кодоши на шефот.“
„На големата слика многу мали луѓе.“
„Нема веќе човекојадци. Кого би го јаделе?“
„Политичките сончогледи имаат повеќе сонца.“
„Чукаше празна слама. Сега си ја чука главата.“
„Ако не ги почитуваме разликите, ќе ни се соберат многу помножени делења.“
„Гладна мечка оро не игра. Значи: игри, ама и леб!“
„Во предните редови има најмногу задни намери.“
„Постојам, а не мислам.“
„Стартував убеден дека сум некој и нешто. Финиширав како никој и ништо.“
Убав викенд, читатели на Дума.мк!
Вашиот, Атанас Крлевски