Витезот на шегата ја промовира првата збирка со вицови

Објавено на 3 февруари, 2015 во 14:54

Смеа до солзи, шеги кои не оставија рамнодушен никого синоќа во салата на домот на културата во Кавадарци. Смеа и долги аплаузи одекнуваа , се случи несекојдневна промоција  во  знакот на хуморот на збирката со вицови насловена „Ѕидот на Паја“ од Златко Вузевски.

Кавадарчани но и пошироката јавност долго време ја очекуваа оваа збирка, бидејќи нејзиниот автор, 45 годишниот Паја,  долго време е „виновникот“ кој преку својата  фејсбук фан група расположува илјадници граѓани.

 

На промоцијата за и околу книгата,  говореа  познати кавадаречки урбани ликови, медиумски креативци, музички и драмски уметници.

Златко Вузевски – Паја е познат со децении на кавадаречата урбана сцена. Беше прогласен и за витез на шегата. Тој за себе вели дека секогаш е расположен за шега, по природа е шегаџија и голем оптимист.

„Вицот е серизона работа и нема заебанции со него. Оти и смеењето е сериозна работа. Треба да имаш душа и троа мозок, па да ти функционира смеалото, ама баш онака од срце…“ ќе напише Паја на псоледните старници од книгата Вузевски. Вели дека најголема заслуга за излевањето на оваа збирка со вицови се  25-те  илјади  членови на фејсбук фан групата „Глупости 100% – Паја“. Не крие дека огромната популарност меѓу своите сограѓани му годе.

Во збирката се содржани вицови кои Паја ги слушал низ сите минати години. Благодарен е како што вели, што е роден на 10 јануари, ден кој  е прогласен за светски ден на смета, бидејќи и тешката болест успеал да ја победи со смеа и позитивни мисли./А.Д

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.