Издумани Крлевизми: „Времето тече и во бара!“

Објавено на 5 април, 2024 во 13:50

Афористичарот Атанас Крлевски за читателите на Дума.мк испрати нови 15 издумани крлевизми за времето и низ смеа вели: „Ако имате време читајте Издумани Крлевизми, ако немате не сте во право зашто една народна вели: „За сѐ има време!“.

Во продолжение новите Крлевизми, уживајте:

-За да одам во чекор со времето, треба да го почекам!

-Времето тече и во бара!

-Времето е пари! Ех, кога би можеле да го орочиме…

-Какво време дојде – метеоролозите да го погодуваат сто насто.

-Остави простор да го прегази времето.

-Некои години ги паметиме по тоа што сме ги заборавиле.

-Не сум изгубен во времето. Одам пред него.

-Ќе го тужам времето. Ме прегази на пешачки премин.

-Дојдоа и моите пет минути, но не знам колку ќе траат.

-Времето лечи сѐ, ама ни нудат и други такви лекови.

-Кој рано рани – единствен е на чатот.

-Времето работи за винариите.

-Се моли чесниот пронаоѓач да ми го врати изгубеното време. Ќе го рециклирам!

-Видов колку е часот и одлетав во друга часовна зона.

-Време е, да тргнам навреме.

Афористичар Атанас Крлевски

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.