Понеделник резервиран за афоризми од велешкиот афористичар „Коки“
Објавено на 28 февруари, 2022 во 10:36

Велешкиот афористичар Никола Бошков „Коки“ и овој понеделник издвои шест нови афоризми со цел да го разубави вашето секојдневие.
-Родители, обедите се своите деца да ги воспитувате барем во паузите на турските ТВ серии.
-Патиштата не ни се толку тесни колку што на возачите им недостига широчина.
-Ниту еден политичар не е социјален случај, единствено на некој од нив знаењето им е сиромашно.
-Власта секогаш си ги решава проблемите: ги вработува определените на неопределено време.
-Се разбира дека сопругот ќе ве изневерува, штом постојано се обидувате да го држите само за зборот.
-Како може таа да се зазема за заштита на човековата средина,кога не е во состојба да си ја заштити ниту својата..
Афористичар
Никола Бошков – Коки
