Постхумна изложба на кавадаречкиот уметник Ристо Соколов – Сокол во МКЦ Скопје

Постхумна изложба насловена „Некогаш и денес“, на познатиот кавадаречки и македонски ликовен уметник Ристо Соколов – Сокол (1957 – 2015), ќе биде отворена во понеделник, на 16 октомври со почеток од 20:00 часот во МКЦ – Скопје.
-Станува збор за неговиот последен официјален работен циклус на реализирани ликовни
дела, кои досега не се излагани во Скопје. Ристо Соколов Сокол е роден на 16 април 1957, во село Дреново, кавадаречко, на Ден Велигден. Целиот живот одбележуваше два родендени со оглед на променливоста на датумот на Велигден. Почина на 14 февруари 2015, на Ден Свети Трифун. Постои мит дека големите луѓе си ги бираат датумите на раѓање и заминување. И денес неговите долгогодишни пријатели, соработници и соборци ги одбележуваат “двата“ негови родендени. Официјалното одбележување е на 16 април секој година преку Меморијалната манифестација “Пријателите за Ристо“. Досега се оддржани осум изданија на манифестацијата, на различни простори низ Кавадарци, од клубови, ресторани, галерии, преку институции до отворени простори за првпат искористени за било каква културна и уметничка пригода, соопштија организаторите.
Дума.мк
