Претставата „Жена ми се вика Борис“, вечерва и во понеделник, репризно пред Кавадарчани пред гостување на Фестивал во БиХ

Објавено на 14 јуни, 2025 во 10:10

Вечерва, со почеток во 19:00 часот и во понеделник, на 16 јуни со почеток во 20:00 часот, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, по барање на театарската публика репризно, по шести и седми пат, ќе ја изведе претставата “Жена ми се вика Борис“ работена според текст на Рафи Шарт, а во адаптација и режија на Диме Боцев.

Во урнебесната комедија играат: Видан Станоев, Диме Боцев, Благица Боцева, Анастасија Данаилова, Саше Орешков, Цветанка Прочков и Александар Малинков.

Костимограф на претставата е Сара Милевска, суфлери се Христина Станоева и Елена Лазова, тон и светло мајстор е Пепи Ангелов додека сценографија ја изработија Диме Темков, Тони Туриманџов и тим на Дом на култура Кавадарци.

Претставата: “Жена ми се вика Борис“ е современа фарсична комедија, дело на Рафи Шарт, еден од најпознатите современи француски комедиографи, чии текстови доживуваат неверојатен успех на театарските сцени насекаде низ светот. Познат по своите прецизни заплети, Шарт еден е од легитимните наследници на Жорж Фејдо. Неговата провокативна поетика лесно комуницира со публиката, а неговите карактери се огледало на животот што го живееме. Претстава е современа хит претстава со калабалак од заплети, замена на идентитети и мноштво луди ситуации кои се одвиваат со неверојатна брзина.

Претставата е поддржана од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

„Исто така, претставата “Жена ми се вика Борис“ ќе доживее и гостување во соседните и државите на југозападен Балкан.  Урнебесната комедија ќе учества на театарскиот фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина освен гостувања на сцените низ Македонија за кои во моментов се случуваат договарања,“ соопштија од кавадаречкиот Дом на култура.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.