Промовирана публикацијата „Сингерија во времето“ на визуелниот и мултимедијален уметник м-р Страхил Петровски
Во Ликовен салон Велес, денеска, беше промовирана публикацијата „Сингерија во времето“ на визуелниот и мултимедијален уметник м-р Стахил Петровски. Пред публиката историчарот на уметноста Златко Теодосиевски, визуелниот уметник проф. Лазе Трипков како и историчарот на уметност м-р Дарко Николовски пред публиката говореа за публикацијата „Сингерија во времето“.
– Најновата видео инсталација на Страхил насловена „Синергија во времето“ е зашеметувачки визуелен „кружен тек” во(н) времето и просторот, каде не знаете дали сте вие во центарот на движеньето или пак движењето иницирано од уметникот едноставно ве зграпчило и ве врти центрифугално и центрипетално низ својата патека, циклично забрзува и успорува оставајќи ви дел од секундата да се ориентирате и видите дел од опкружуваньето, за да веднаш потоа повторно ве фрли во нова рунда вртежи. Можеби и ке се прашате: каде брза овој Страхил? И зошто и ние мораме да „летаме” низ времето со него како ставени во оно акцелератор викан синхротрон во ЦЕРН? Спомен костурница на паднати борци во НОБ – ja заокружува целоста наречена „Синергија во времето“, му го дава оној завршен тон на ангажиран проект! Имајќи предвид актуелната македонска меѓународна позиција и проблеми, ова е се чини прв уметнички одговор од ваков вид. Зошто, токму Спомен костурница на паднати борци во НОБ, што ќе рече во антифашистичката борба на македонскиот народ во Втората светска војна против силите на Оската, а меѓу нив и против бугарскиот фашистички окупатор, е важен сведок на историјата, но и на сегашноста. Дали е тоа таа синергика за којашто говори насловот на видео делото на Страхил? Веројатно, иако секој може да генерира и свои синергии, други поврзуваьа и (вонвременски) асоциации. Страхил го проектира видеото – реално и метафорички – врз симболиката на монументалното архитектонско-сликарско-скулпторско дело на Суботин, Денковиќ и Мазев, премостуваки (или спојувајќи?!) времиња, настани, значења, вели Златко Теодосиевски историчар на уметност.
Мултимедијалниот уметник м-р Страхил Петровски се заблагодари на сите присуните што одвоиле од своето време да бидат дел од денешната промоција како и до своите промотори како и на преставниците од Народен Музеј Велес.
Публикацијата е поддржана од Министерство за култура и Народен Музеј Велес.
Стефани Манева