Шест нови афоризми на велешкиот афористичар Бошков

Објавено на 24 јануари, 2022 во 10:52

Како би ја започнале новата работна седмица ако не со насмевка? Велешкиот афористичар Никола Бошков „Коки“ со шест нови афоризми за повеќе насмеани лица. Ширете позитивна енергија!

-Моралот ни е се уште на цена: во градот не постои ниту еден балкон…без гаќи!

-Откако школувањето ќе ни биде бесплатно, тогаш со сигурност ќе можеме да речеме дека децата џабе ни одат на училиште.

-Луѓето се секогаш исти: посакуваат убав автомобил, убава викендичка и…туѓа жена.

-Додека некои жени во креветот читаат, други бројат.

-Многу убав, современ развод: нему автомобилот, нејзе станот, а децата …на бабата!

-Кога спортскиот ТВ коментатор би ја коментирал бременоста, сигурно не би умеел да објасни: дали е тоа грешка во одбраната или непромислена игра во нападот.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.