Шест нови афоризми на велешкиот афористичар „Коки“

Велешкиот афористичар Никола Бошков „Коки“ издвои шест нови афоризми за читателите на Дума.мк. Уживајте:
Наместо да го поместат часовникот час нанапред, некои жени со задоволство би го поместиле неколку години…наназад.
Штом оркестарот на некоја политичка партија е раштиман, тогаш: или изведувачите се слаби свирачи или диригентот на оркестарот не ги познава нотите.
На умната жена не и е неопходно своите соништа да ги остварува преку ноќ, таа може да го постигне тоа и во текот на денот.
Политиката навистина создава чуда: од неуки и лоши пилитичари може да направи професори и доктори на науки.
Некои луѓе се тврди на сон, но постојат жени кои можат да им ја разбудат машкоста.
Навивачката култура ни се издигна на повисоко ниво: сега веќе не се извикуваат примитивни пцости, туку -мошне избирливи и сочни слогани.
Афористичар
Никола Бошков – Коки
