Стрип автори можат да се пријават за учество на „24 ЧАСОВНО ЦРТАЊЕ НА СТРИПОВИ“

Објавено на 31 октомври, 2023 во 17:45

Во тек е пријавувањето за учество на 14 регионална манифестација „24 ЧАСОВНО ЦРТАЊЕ НА СТРИПОВИ“ која е отворена за стрип автори од регионот до 9 ноември,годинава.

Томе Трајков,програм координатор на Стрип центар на Македонија, соопшти дека  14-тото издание на регионалната стрип манифестација ќе се одржи,  во сабота, на 11 ноември 2023 година. Ќе започне во 12 часот и ќе трае до наредниот ден, 12 ноември 2023 ,исто така, до 12 часот.

„Стрип авторите ќе цртаат во живо од  определени пунктови во градовите :  Госпиќ ,Херцег Нови, Љубљана , Осјек , Ријека , Сплит , Загреб  но , исто така, овозможено  е и цртање од дома и  објавување на  изготвени  стрипови на  онлајн платформата https://www.24satnocrtanjestripa.com/. Од страна на соработниците и пријатели  од Хрватска  за брзо време беше прифатена  иницијатива за мобилизирање  на македонските стрип автори. Што се однесува до организацијата, таа е спонтана без посебен организатор. На светско ниво истата ја создава реномираниот стрип теоретичар  Скот Мек Клоуд , а во регионот  авторот Дарко Мацан на Академијата во Загреб во 2010. Оваа акција  низ годините бргу се прошири. Уште една специфика е што оваа регионална иницијатива е сосема независна од светската истоветна акција , којашто се организира во месец октомври,“ додаде Трајков.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.