Стрип автори можат да се пријават за учество на „24 ЧАСОВНО ЦРТАЊЕ НА СТРИПОВИ“
Во тек е пријавувањето за учество на 14 регионална манифестација „24 ЧАСОВНО ЦРТАЊЕ НА СТРИПОВИ“ која е отворена за стрип автори од регионот до 9 ноември,годинава.
Томе Трајков,програм координатор на Стрип центар на Македонија, соопшти дека 14-тото издание на регионалната стрип манифестација ќе се одржи, во сабота, на 11 ноември 2023 година. Ќе започне во 12 часот и ќе трае до наредниот ден, 12 ноември 2023 ,исто така, до 12 часот.
„Стрип авторите ќе цртаат во живо од определени пунктови во градовите : Госпиќ ,Херцег Нови, Љубљана , Осјек , Ријека , Сплит , Загреб но , исто така, овозможено е и цртање од дома и објавување на изготвени стрипови на онлајн платформата https://www.24satnocrtanjestripa.com/. Од страна на соработниците и пријатели од Хрватска за брзо време беше прифатена иницијатива за мобилизирање на македонските стрип автори. Што се однесува до организацијата, таа е спонтана без посебен организатор. На светско ниво истата ја создава реномираниот стрип теоретичар Скот Мек Клоуд , а во регионот авторот Дарко Мацан на Академијата во Загреб во 2010. Оваа акција низ годините бргу се прошири. Уште една специфика е што оваа регионална иницијатива е сосема независна од светската истоветна акција , којашто се организира во месец октомври,“ додаде Трајков.
Убавка Јаневска