Театарско-танцова претстава на Градски плоштад во Кавадарци
„Синг“ е наслов на театарско – танцова претстава којашто театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци во соработка со Балетското студио “Венус“ и балетски оддел при ОМБУ “Лазо Мицев Рале“ ќе ја одиграат пред кавадарчани.
Во претставата учествуваат Сашко Орешков, Видан Станоев, Ивана Данова, Ангела Василевска, Евгенија Илова, Јован Димитриев, Амелија Методиева, Анастасија Кузманова, Елена Мелова, Илина Костова, Иван Кузумов, Ивана Ристова, Јована Смилева, Матеа Маџункова, Матеа Николовска, Петар Петков, Симона Димова и Симона Матакова.
Сценарио и режија се на Микица Илова. Кореографијата на Билјана Грозданова и Ана Балова. Сценографија изработи Диме Темков, костимограф е Сара Милевска додека за тон и светло ќе се погрижат Пепи Ангелов и Марјан Тодоровски.
„Синг“ ќе се изведе во среда, на 5 јули, со почеток од 20 часот на Градски плоштад Кавадарци. Претставата е во рамките на “Кавадаречко културно лето 2023“.
Убавка Јаневска