Велешаните Баже и Симеон го издадоа својот прв сингл „Ти“
Објавено на 12 јули, 2024 во 14:20
Косплеј бенд кој го сочинуваат двајцата велешани Баже Натов гитара и вокал и Симеон Иванов клавијатура и вокал, го издадоа својот прв сингл насловен „Ти“. На своето првенче тие се потпишуваат како автори на музиката, аранжманот и текстот на песната којашто е снимена во студиото „Анастасија“ каде Љупчо Павловски се потпишува како продуцент додека визуелната приказна преточена во спот е на Иво Иванов од студио „Пента“
Бендот постои веќе четири години и исполнува секаков вид на музика за забави, корпоративни настани и приватни прослави.
Песната „Ти“ од денес е достапна во македонскиот музички етер, како и најголемите интернет носачи на звук. Во продлжение уживајте во песната и видео записот.
Стефани Манева