Велешки бенд „Distortion“, по неколку децении, освежување на велешката млада музичка сцена (видео и фото)
Една девојка и четири момчиња во Велес ги спои музицирањето и музиката. Но не било кој музички жанр туку „гранч“ и „рок“. Првиот малку застапен а вториот препознатлив за поголем број сограѓани и од повозрасните генерации кои умеат да препознаат квалитет додека за младите токму тој да биде предизвик за забава на нивна средношколска возраст. Тие коишто низ разговор ме вратија назад, во времето на младоста, се членови на групата поточно бас гитаристката и вокалистка Кристина Станишева и нејзините другари Филип Арсовски – гитарист и вокалист, Андреј Цецев – тапанар, Филип Ѓурчиновски – соло гитарист и Панче Настов – ритам гитарист, вокалист и автор на две композиции на бендот„Distortion “.
Овие ученици, во две средни училишта во градот, го создадоа бендот и скоро целото свое слободно време го посветија на вежбање, музицирање и настапи. Освен што музицираат интересни композиции на познати светски музички групи или солисти тие на почетокот на нивната музичка кариера создадоа и две авторски композиции.
За музиката, за музицирањето, за бендот и за нивната очекувана слава, Кристина, Филип, Андреј, Филип и Панче , во разговор рекоа:
Бендот „Distortion“ ја имаше и првата промоција во Јуроп Хаус Велес. Понуди неколку часовна забава на средношколците во градот кои заминаа задоволни затоа што ваков вид на забава во градот не се организирала со години.
Овие млади луѓе заслужуваат поголемо внимание. Тие умеат и можат да се промовираат како дома така и надвор од родниот град. Можат да бидат пример на многу млади велешани, нивни врсници, како да го искористат корисно слободното време или да го поканат за настап токму бендот „Distortion“ на нивните средношколски забави. Кристина, Филип, Андреј, Филип и Панче со задоволство ќе им понудат музичка промена како и поинтересна вечер од вообичаените.
Убавка Јаневска
Фото галерија од настапи