Викендов започнува традиционалната Меѓународна колонија „Михајлово –Кавадарци 2023“
На Меѓународна ликовна колонија “Михајлово – Кавадарци 2023“ година ќе учествуваат 25 ликовни уметници од Македонија, Косово, Италија, Бугарија, Турција, Кореа и Србија. Исто така, ќе се одржат и неколку ликовни настани како што е отворање на изложбата на ликовниот уметник Марија Светиев. Изложбата ќе биде поставена во Галеријата на Дом на културата „Иван Мазов Климе“ со почеток во 20:00 часот додека свеченото отворање на колонијата ќе се одржи во 21:00 часот во недела на 20 август во летната бавча на кавадаречкиот Дом на култура. Настап ќе има и групата “Акустико“ од Кавадарци.
Колонијата е традиционална и годинава ќе се одржува до 26 август. Нејзин куратор ќе биде м-р Владимир Темков. Учесниците ќе работат и престојуваат во вила “Моклиште“, во истоимената област во близина на Кавадарци.
Убавка Јаневска