Чадиев: Поквалитетен живот за Велешани!

Објавено на 18 март, 2013 во 15:11

Поквалитетен живот на граѓаните преку изградба и реконструкција на водоводни системи и канализациони мрежи и поквалитетно водоснабдување како на градот така и на населените места во руралните средини, им вети на велешани денеска кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Славчо Чадиев.

Според неговата изборна програма приоритет ќе биде ставен на изградба на водоводна мрежа во селата Сливник и Црквино, водоснабдување на индустриската зона Речани 2, на делот од брод Панини до сателитската населба на езеро Младост како и изградбата на нова водоводна линија во населбата Превалец, Горно Оризари, на улицата Петре Прличко и на Рилски конгрес.

Тој вети реконструкција на водоводната мрежа на 9 улици во Велес и во висококатниците на Благој Ѓорев како и изградба на фекална канализација на езерото Младост, индустриската зона УЗУС и во селата Клуковец, Сливник, Мамутчево, Иванковци, и Кумарино.

Ќе се доизгради и започнатата канализација во Горно Оризари.

„ Обезбедувањето на здрава и чиста вода за пиење како и замената на старите азбестно – цементни водоводи се едни од најзначајните прашања. Во изминатиов период направивме многу. Се изгради нова водоводна линија до населбата Хабитат, улицата Јовче Тикваровски, Петре Алчев како и замена на водоводните цевки на улиците Белградска, Вардарска, Вера Циривири и други. Изграден е и резервоар за вода во урбаната заедница Трајко Капчев. Се реконструираа и обновија канализациони линии на улиците Богдан каракостев, Мирче Ацев, Јовче Ќучук, Петре Алчев, Игманска и други,“ рече Чадиев.

Тој во свое и името на советниците ја побара довербата на велешани и изрази подготвеност за успешен напредок на Велес за да создаваат дела со трајни вредности.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.