Минов: „Ќе ја вратам душата на Кавадарци“

Објавено на 21 март, 2013 во 21:27

„Кавадарци е мојата љубов. Неможам да гледам како градот стагнира, а кавадарчани лошо живеат. Ќе дадам се од себе да го изменам тоа“ вака вечерва го започна своето обраќање на предизборниот митинг независниот кандидат за градоначалник на Кавадарци, Панчо Минов. Митингот се одржа во спортската сала „Јасмин“.

Вети понизок данок на имот, пониски сметки за вода за 30%, запирање на извршните предмети од Комуналец, пониски комуналии и останати давачки кон општината. Ќе барал секоја година државна ревизија да го следи разботењето на општината,  задолжителна смена на директорот на Комуналец.

Минов предизборно на своите сограѓани им вети и реализација на десетина капитални проекти, доизградба на плоштадот со подземен коридор, доизградба на градскиот кеј и колектор, нов градски пазар, реконструкција на патните правци, систем за гасификација, агро берза, катна гаража, дом за стари лица, детска градинка. Рече дека ако кавадарчани повторно му да дадат доверба да ја води општината ќе направел можност за отворање на многу работни места и решавање на огромната невработеност, а вети и подршка за самовработување и за малите бизниси.

“Ако ја добијам вашата  доверба ќе направам се` грозјето редовно да се исплаќа. Ќе бидам лидер на лозарите. Подеднакво ќе работам и за селата како и за градот“ рече Минов, а вети и бројни проекти за културата, оживување на фудбалот и ракометот./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.