На избирачките места, се бројат гласовите на кандидатите!

Објавено на 24 март, 2013 во 19:52

Се затворија сите гласачки места,точно во 19 часот, во Повардарскиот дел на државата. На крајот на изборниот ден избирачките одбори ги бројат гласовите што кандидатите за градоначалници и кандидатите за членови на советите на општините ги добија денеска од граѓаните.

Додека тие работат, се полнат со членови и симпатизери, штабовите на кандидатите кои денеска го трчаа шестиот изборен круг во Македонија.

Сите се во очекување на резултатите. Според првичните најави првите резултати се очекуваат за 45 минути. Толку време ќе биде потребно да се пребројат гласовите и изборниот материјал да се однесе до општинските изборни комисии.

Околу 22 часот ќе можат да се соопштат првичните резултати рекоа од изборните штабови на кандидатите во Велес, Кавадарци, Неготино, Градско, Демир Капија, Лозово, Чашка, Росоман и Свети Николе.

Локалните избори, според Државната изборна комисија, ги набљудуваа 410 странски и 8.379 домашни набљудувачи.

Вчера гласаа лицата во казнено-поправните домови, внатрешно раселените, лицата што се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор и немоќните и болните лица кои го побарале тоа од општинските изборни комисии./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.