(Обновено) Масовно се гласаше во Повардарскиот регион!
ВМРО-ДПМНЕ извојува победа во првиот изборен круг во Росоман, Неготино, Демир Капија и Градско. Во Кавадарци според неофицијалните резултати ќе се оди во втор круг.
Според информациите од претседателката на ОИК Кавадарци, Марија Јованова обработени се резултатите од 49 избирачки места од вкупно 54. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Панов од вкупно обработените гласачки ливчиња 20.270 има освоено 9.830 гласа. Кандидатот на опозицијата, Бетиан Китев 5.582 гласа. Панчо Минов 4.337. Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Горица Пеливанова-Вилхелм од обработените гласачки ливчиња , освои 7.924, а советничката листа предводена на СДСМ, предводена од Зоран Бањански 4.916 гласа, Панчо Минов 2368 гласа. Ако овие гласовие се претворат во советнички мандати ВМРО-ДПМНЕ освоил 9, СДСМ 6, листата на Панчо Минов 2 и по едно советничко место Ташо Радњански и Ристо Сакалиев. Но, ова не се конечни резултати бидејќи остануваат за обработка уште податоците од 5 избирачки места кои се поголеми, со поголем број на избирачи, рече Јованова.
Според аналитичките центри на ВМРО-ДПМНЕ и „Сојузот за иднината“ и обработените податоци во советот на општина Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува со 9 советника, опозицијата со 6, Панчо Минов 2, Ташо Радњански 1 и Ристо Сакалиев 1.
Во Неготино победник во прв круг е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ванчо Апостолов. Како што информира претседателката на ОИК Неготино, Снежана Цветкова од обработените резултати од сите 25 избирачки места, Апостолов освои 6.957, а Силвана Филипова, кандидат на „Сојузот за иднината“ 4.258 гласа.
Според последните информации на ОИК Неготино советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ освоила 6.199 гласови наспроти СДСМ 3.782 гласа. Според Цветкова комисијата вечерва по донтовиот метод ќе ги претвори гласовите и во советнички места.
Според првичните резултати втор круг ќе има и во Велес. Според податоците од аналитичкиот центар на СДСМ во Велес обработени биле резултатите од 56 избирачки места од вкупно 73, кандидатот на „Сојузот за иднината“ Аце Коцевски има 10.687 гласа, наспроти 10.229 кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Славчо Чадиев.
Во Росоман прв човек на општината останува Стојанче Лазов, во Градско д-р Жанета Чаушевска,во Неготино Ванчо Апостолов и во Демир Капија – Трајче Димитриев./ А.Д
