Денешната агенда на претседателските кандидати

Објавено на 29 март, 2014 во 14:59

Кандидатите за претседател на Република Македонија и партиите што ги поддржуваат, денеска ја продолжуваат предизборната кампања  со митинзи и средби со граѓани во повеќе градови и населени места.

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Ѓорге Иванов , ќе одржи митинзи во Кратово, Пробиштип и Кочани, како и средби со граѓани во Ранковце и Крива Паланка.

СДСМ со кандидатот Стево Пендаровски, најавува митинг во Велес и средби со граѓани во Лозово, Свети Николе и Чашка.

Коалицијата ГРОМ со својот кандидат за претседател Зоран Поповски, ќе одржи средби со граѓани во Скопје и во Кривогаштани и митинг во Пробиштип.

ДУИ ќе има средби со граѓани во Куманово и во Липково.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.