Иванов и во Тиквешијата е со убедлива предност пред Пендаровски

Објавено на 14 април, 2014 во 09:00

Без поголеми проблеми и нерегуларности, во фер и демократска атмосфера помина вчера гласањето на првиот круг од претседателските избори во општините од Тиквешијата е оценката на општинските изборни комисии.

Во Кавадарци од вкупниот број на запишани избирачи 32.410 во единствениот избирачки список гласале 22.690 граѓани или 70,01%. Се гласаше на 60 избирачки места. Според информациите од ОИК, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија Ѓорге Иванов освои 12.282 гласа или 54,13% од вкупниот број на гласови. Кандидатот на ДПА Иљаз Халими 82 гласа. Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ во Кавадарци освои 8.005 гласа или 35,28% од вкупниот број на гласови, додека кандидатот на ГРОМ, Зоран Поповски 1800 гласа. Неважечки се 521 гласачко ливче.

Во Неготино гласале 11.415 граѓани од вкупниот број запишани избирачи 16.030 или 71,21%. Се гласаше на 28 избирачки места. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ освои 6.466 гласа, на ДПА, 33, на СДСМ 4.145, а на ГРОМ 520 гласа. Избројани се 251 неважечко гласачко ливче.

Во Росоман кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов обезбедил подршка од 1365 граѓани или 56,24% од вкупниот број на гласови. Иљаз Халими од ДПА 8 гласа, кандидатот на СДСМ, Пендаровски 776 гласа или 31,97% од вкупниот број на гласови и Зоран Поповски од ГРОМ 191 глас. Во Росоман се евидентирани 87 неважечки гласачки ливчиња. Право на глас според единствениот избирачки список имаа 3.375 граѓани, а гласале 2.427 или 71,91%.

Убедлива предност кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов има и во Демир Капија. За него гласале 1709 фраѓани или 65.83% од вкупниот број на гласови. 17 гласа освоил Халими, 761 Пендаровски и 49 гласа Зоран Поповски.  Правото на глас го искористиле 2596  граѓани или 75,88% од вкупниот број запишани избирачи 3421. Се гласаше на 11 гласачки места.

Слична е разликата и во Градско помеѓу кандидатот на власта на и на опозицијата. Иванов освоил 1311 гласа, а Пендаровски 755 гласа. За кандидатот на ДПА Халими гласале 18 граѓани, за Поповски од ГРОМ 79. Избројани се 35 неважечки ливчиња. Според ОИК излезноста во Градско е 70,04% или правото на глас го искористиле 2.198 граѓани од вкупно запишаните 3.138. Демиркапијци гласаа на 11 избирачки места./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.