Коџобашиев: Современ и конкурентен образовен систем е приоритетна цел во програмата на ВМРО ДПМНЕ
Обсерваторија на вештини е новиот проект кој ќе го имплементира во средните училишта, мултифукционално тело кое ќе ги анализира вештините со кои располагаат средношколците, во корелација со потребите на пазарот на трудот. За негова примена се предвидени 25 милиони денари. Во програмата во делот на образованието предвидено е и набавка на интерактивни табли и 300 илјади таблет компјутери за учениците од основните и средните училишта.
„Родителите на учениците во основните и средните училишта и натаму ќе можат да ги користат придобивките од проектот „Информиран родител“, односно ќе имаат можност на брз и едноставен увид во дневникот по електронски пат и СМС пораката што ја добиваат за следење на образовниот процес на своите деца, рече Ѓорги Коџабашиев, кандидат за пратеник на ВМРО ДПМНЕ.
Во делот на високото образование пак оваа партија предвидува воведување на државна квота во втор и трет циклус на студии и утврдување на квота на студенти кои ќе бидат ослободени од плаќање за специјализации, докторски и магистерски студии.
„Во новата програма предвидени се и следниве проекти: реални училишни компании, модернизација на средното стручно образование, интерактивен портал за тутори, меѓународни образовни програми во Македонија, меѓународно основно училиште и други,“ рече Коџабашиев.
За да продолжи во насока на унапредување на образовниот систем во земјава, ДПМНЕ ја бара поддршката од граѓаните./Д.С
