Китев: ВМРО-ДПМНЕ не заврши ни еден цел мандат, затоа што не го реализираат ветеното“

Објавено на 17 април, 2014 во 15:09

„Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не заврши цел четиригодишен мандат. Од едноставни причини. Затоа што не ги реализираат ветувањата. На овој начин, партиите на власт  не се водат од државните  и интересите на граѓаните, туку исклучивоод своите партиски и бизнис интереси. Просто кажано власта денеска врши обид со политички насилна кампања да ги пресретнат своите опаѓачки рејтинзи, губењето на довербата и огромното незадоволство на народот“ обвини на денешната прес конференција кандидатот за пратеник на СДСМ од Кавадарци, Бетиане Китев.

Тој нагласи дека Груевски и во 2008 побарал предвремени избори и 62 пратеници, ги добил како што истото се случило и на изборите во 2011, тогаш побарал подршка за 63 пратеници и ја добил. Но, како резултат на тоа излегол само смешниот проект Скопје 2014 во кој се злоупотребила историјатам а друг бенефит немало.

„Со секои предвремени избори барем до сега важи правилото: Заради политички договори Македонија плаќа високи сметки. Која ќе биде следната фактура, ако народот дозволи, ќе видиме. Или народски кажано, веќе видено, сана-бана. Ти мене сердаре, ај тебе војводо. СДСМ и опозицијата нудат алтернатива за проемни, за подобро, за поарно. Ние ќе се бориме до крај и ќе ја бараме довербата од граѓаните. Даваме ветување пред вас, превземаме обврски и подготвеност со нашите проекти, чесни и способни кадри да ја направиме Македонија подобра од досегашната. И тоа ќе важи за сите граѓани без исклучок. Вашата игра завршува, граѓаните се на потег. Со своите 30 секунди, со својот глас, со мирна и чиста совест зад параванот да изберат за себе, за подобра Македонија“ рече Китев. / А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.