ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци: СДСМ никогаш не започнале битка за слобода и демократија

Објавено на 17 април, 2014 во 16:41

„Од СДСМ велат дека поодлучно од било кога, на овие избори ја продолжуваат битката за слобода и демократија.  Па тие никогаш и не започнале битка за слобода и демократија, за да можат да ја продолжат.  Зарем сеуште живеат во времето кога беа на власт? И за какви промени и за каков нов почеток зборуваат?  Па, промените се случија уште во 2006 година, кога граѓаните имаа сила да им кажат не  и да изберат преродба, па во 2008 година да ја продолжат таа преродба, надградена и проширена, за потоа во 2011 да изберат реформи и развој. И сега тие ќе почнеле од нула и ќе биле со Вас и меѓу Вас. Вие почитувани од СДСМ можете да си почнувате од нула колку сакате, и онака ќе останете со тој резултат. Но, не си играјте со граѓаните, граѓаните играат во многу повисока лига“ рече на денешната прес конференција д-р Никола Трендафилов од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.

 

Тој нагласи дека граѓаните играле  на проверено и затоа воделе, кажано со спортски жаргон, со 10 голови разлика . / А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.