Лукот – одличен лек!
Објавено: 8 февруари, 2014, во 10:53 часот
Лековитите својства на лукот се познати многу одамна. Списокот со болести за кои лукот е добар лек е долг. Меѓу нив спаѓаат кашлица, кивавица, цревни глисти, грозница, маларија, красти и шуга, воспаление на бешиката и камен во урината, грип, бронхитис, ангина, за здрави крвни садови, висок крвен притисок, шеќерна болест, воспаление на белите дрбови, гнојни акни, хемороиди, астма, нервни болести, опаѓање на косата, заболувања на простатата, главоболка, ешерихија коли. Лукот се користи и против пролив и запек, а го користат и во козметката…
Зошто е корисен лукот?
Една од предностите на лукот е секако неговото фантастично дејство на кожата. Верувале или не, сокот од лук ги лекува акните и мозолките. Доволно е да столчите две чешниња лук и смесата да ја нанесете на воспаленото место, така што резултатот ќе биде видлив по неколку минути, а и отокот околу мозолките ќе спласне.
Херпес
Устата ќе ја излекувате доколку на болното место ставите парче лук и го оставите да дејствува околу десетина минути. Заради ефикасни резултати постапката повторете ја петпати во текот на денот.
Покачен крвен притисок
Народен лек за покачен крвен притисок и тоа доста ефикасен чие дејство е научно потврдено е лукот.Тој како лек е доста користен не само кај нас, туку и во кинеската народна медицинаТој ефект се постигнува со неколку чешниња лук дневно.
Лукот на намалувањето на крвниот притисок дејствува највеќе со својата способност да ги опушта мазните мускули на крвните садови и со тоа да ги прошири истите. Тоа дејство е последица од големата содржина аденозин, кој го има и во кромидот. И суров и варен лукот значително го намалува крвниот притисок, но свежиот лук е поефикасен.
Воспаление на ушите. Лукот помага и при лекување на воспаление на ушите, а рецептот е брз и едноставен. Во лажица со топло маслиново масло ставете столчено чешне лук и оставете го да отстои еден час. Неколку капки капнете во увото и истото повторете го двапати дневно.
